НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Боки 13 и Зоки Кичеец им е продолжен притворот за нови 30 дена

0
By Нова ТВ on August 13, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Кривичниот совет при Основниот кривичен суд  го прифати предлогот на  Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и ја продолжи мерката  притвор за Бојан Јовановски Боки 13 и Зоран Милески  познат како Зоки Кичеец за случајот „Рекет“.

„По разгледување и ценење на фактите и доказите Кривичниот совет донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“ соопштија од Судот.

Јавното обвинителство на 15 мај отвори истрага против Јовановски и Милески за примање награда за противправно влијание и за перење пари.

Од Обвинителството тогаш соопштија дека „првоосомничениот Бојан Јовановски од ноември 2018 до април 2019 искористувајќи го своето влијание врз јавен обвинител ветувал дека ќе запре истражна постапка која се водела против  сведокот. Двајцата осомничени неколкупати се сретнувале со сведокот во неговиот дом и во домот на првоосомничениот, а контакти имало и преку сопругата на сведокот.

На средбите осомничените го уверувале севдокот дека  имаат влијание врз обвинител и дека можат да ја запрат постапката или да му обезбедат олеснителни околности. Оосмничените примиле и пари како награда за посредувањето во висина од 1,5 милиони евра.

Според обвинителката Вилма Рускоска „осомничените прво побарале  8.000.000 евра за да се запре истражната постапка, а доколку таа не биде запрена, тогаш во насока на изнаоѓање на олеснителни околности, сведокот требал да им исплати 5.000.000 евра, со тоа што веќе дадените 1.000.000 во вториот наврат влегувале во тој износ. Останатите 4.000.000 евра било договорено да се исплаќаат суксесивно на четири месечни рати“.

Јовановски е осомничен и за перење пари затоа што претходно примените пари од кривичното дело ги пуштил во оптек како легално стекнати пари и со нив купувал предмети, облека и уплаќал одмори, суми кои драстично ги надминувале неговите приходи.

За второосомничениот се уште се води финансиска истрага, каде ги трошел парите.

Обвинителката Рускоска рече дека во овој случај биле применети мерки следење.

Боки 13 преку јавен обвинител рекетирал осомничени во истраги

Боки 13
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.