Ексклузивно погледнете извадок од новиот документарен филм на Петра Селишкар “Мама Европа“, во продукција на „Петра Пан“. Селишкар е основач на фестивалот на документарни филмови „Македокс“ и е автор на наградуваните филмови „Бабичките на револуцијата“ и “Окно“.
Документарниот филм „Мама Европа“ е интимна конверзација меѓу мајката и нејзината шестгодишна ќерка Тера. Тие доаѓаат од место кое е некаде меѓу границите, „место-меур“. Тера сака да дознае повеќе за „местата помеѓу“ и ја води мајка си на патување за да се сретнат со една панк група, со еден пустиник гурман, со некои рибари и со еден стогодишен човек.
На патувањето тие разговараат за границите, државите, за политика, законот, метафизиката и за Мајка Европа. На крајот, работите и’ стануваат јасни на Тера и таа си донесува сопствени заклучоци…