Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева се заканила на обвинителите во СЈО: Ако не ме браните ќе измислам работи за вас

0
By Соња Петрушевска on August 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 15, 2019 17:03

Атмосферата во СЈО која изминативе денови била тензична кулуминирала денеска кога шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева наредила обвинителите да бидат проверувани кога влегуваат и излегуваат од зградата на Специјалното јавно обвинителство.

Наредбата од Јанева за проверка на личните работи на обвинителите стигнала непосредно откако во СЈО била доставена поканата од Обвинителството за организиран криминал до Јанева да даде исказ за „Рекет“ велат обвинители од СЈО за НОВА.

„Примањето на поканата си го направи своето и Јанева си дозволи да нареди сите обвинители да бидат претресувани на влез во СЈО“ коментираше за НОВА обвинител во СЈО.

Обвинителката Фатиме Фетаи, тврдат извори од СЈО, бурно реагирала кога денеска на влез во СЈО полицајците и побарале да ја проверат. На нејзината реакција дека таа не е осомничена од СЈО за да биде проверувана, полицајците рекле дека наредбата ја добиле од Јанева.

Фатиме Фетаи за НОВА потврди дека полицајците и побарале да и и ја проверат чантата кога се враќала од пауза, што досега важело само за лица кои не се вработени во СЈО.

Извори од СЈО исто така тврдат дека утринава, кога обвинителот Бурим Рустеми заминал на судењето за ТНТ, Јанева проверувала и кои документи тој ги зел со себе. Рустеми денеска требаше да даде исказ во обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“, но поради рочиштето за „ТНТ“, тоа е одложено за утре.

Шефицата на Кабинетот на Катица Јанева дала исказ за „Рекет“

Стефанова веќе два часа дава исказ во Обвинителството

Истите извори од СЈО велат дека тензиите започнале уште во понеделникот, кога Јанева по враќањето од одмор свикала колегиум на обвинителите. На овој состанок, Јанева им се заканила на присутните дека „ако не ме браните, ќе пропаднете сите со мене“. Еден обвинител кој присуствувал на состанокот за НОВА вели дека Јанева цели три часа колку што траел состанокот,  се обидувала да ги убеди дека во случајот „Рекет“ таа е злоупотребена и поради тоа колегите треба да ја поддржат.

Но состанокот завршил со расправија кога еден од обвинителите искоментирал дека Јанева ја изневерила довербата на граѓаните со постапките кои ги направила и дека треба да жали поради тоа. По ова шефицата на СЈО на висок тон се заканила дека сите ќе добијат откази.

-Ако пропаднам јас, ќе пропаднете и вие. Ако треба ќе измислам и работи за вас, рекла Јанева, тврди обвинител.

Од Обвинителството за организиран криминал вчера соопштија дека одземените електронски уреди за случајот „Рекет“ се испратени на декриптирање и дека се води финансиска истрага.

Обвинителството ги одзеде мобилните телефони на Јанева, но едниот од телефоните беше форматиран и на него немаше никакви сочувани податоци.

Засега единствените осомничени за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милески остануваат во притвор, откако вчера Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им ја продолжи мерката за уште 30 дена.

Бојан Јовановски и Зоран Милески, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

ВЕСТИ May 17, 2026

Неверојатно е како во оваа држава секој знае што не направил ама никој не чувствува…

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.