Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стефанова веќе два часа дава исказ во Обвинителството

0
By Соња Петрушевска on August 13, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 13, 2019 11:41

Два часа трае распитот на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова за случајот „Рекет“ во Обвнителството за организаран криминал.

Од Обвинителството не сооштуваат кога може да се очекува да заврши давањето исказ.

Новинарите од 9.30 часот се пред зградата на обвинителството кога и почна распитот, но обвинителката влезе од службениот влез и не даде изјава.

Обвинителката Лиле Стефанова денеска е повикана во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во врска со истрагата за случајот „Рекет“, во кој Бојан Јовановски и Зоран Милески се осомничени за тргување со влијание.

Стефанова ја води истрагата за случајот „Империја“, во кој еден од осомничените е Орце Камчев. Тој, според истрагата дал 1,5 милиони евра мито на Јовановски и Милески, за да запре кривичниот прогон против него токму во овој случај.

Обвинителката Стефанова во писмената изјава ја посочи шефицата на СЈО Катица Јанева, која се слуша и на аудио снимките што ги објави италијанскиот весник Ла Верита, дека давала нареди како да се постапува во овој предмет.

Таа тврди и дека Јанева барала случајот „Империја“ и „Поштенска банка“ да завршат со спогодба, без затворски казни за осомничените.

-На 16 април 2019 година, во канцеларијата на Катица Јанева беше одржан состанок на кој таа изнесе одредени одлуки пред присутните обвинители, а кои се однесуваа на дејствија во предметите „Империја“ и „Поштенска банка“. Конкретно, нѝ беше наложено, најдоцна до 06 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмета кои осомничените траба да ја платат на државата, по што предметите „да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“. Меѓутоа, јас и обвинителот Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и  можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител. Дополнително, за предметот „Империја“ потенцирав дека е во многу рана фаза за евентуално спогодување и дека истрагата треба да продолжи во следниот период, тврди Стефанова.

Вчера, исказ во Обвинителството даде обвинителката од СЈО Елизабета Јосифовска која пред два дена изјави дека по барање на шефицата на СЈО Катица Јанева го потпишала решението на Камчев да му се врати пасошот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.