Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шефицата на Кабинетот на Катица Јанева дала исказ за „Рекет“

0
By Соња Петрушевска on August 15, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 15, 2019 13:34

Во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска е сослушана шефицата на кабинетот на Катица Јанева, а во врска со истрагата за „Рекет“, дознава НОВА.

Таа крaтко се зaдржала во Обвинителството, но детали зошто била повикана не се соопштуваат.

Утре исказ ќе даде обвинителот од СЈО Бурим Рустеми. Претходно  искази за случајот дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера соопштија дека во овој случај во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба.

Исто така дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини, велат од Обвинителството..

Обвинителството ги одзеде мобилните телефони на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но едниот од телефоните беше форматиран и на него немаше никакви сочувани податоци.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција уште наведуваат дека во интерес на постапката нема однапред да споделуваат информации за дејствијата што ги преземаат во предметот, па така и за лицата што се повикани или има во план да бидат повикани да дадат исказ и ќе споделуваат информации што нема да наштетат на понатамошната постапка.

Истрагата за „Рекет“ во Јавното обвинителство ја води шефицата на организиран криминал Вилма Рускоска.

Засега единствените осомничени за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милески остануваат во притвор, откако вчера Кривичниот совет при Основниот кривичен суд им ја продолжи мерката за уште 30 дена.

Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“

 

Јанева Рекет шефица на Кабинет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.