НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанева донесена во Кривичниот суд

0
By Соња Петрушевска on August 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која денеска беше приведена, попладнево е донесена во Кривичниот суд каде треба да даде исказ пред судија на претходна постапка. Автомобилот со Јанева беше внесен во гаражите на судот.

Обвинителството бара 30 дневен притвор за Јанева откако таа е осомничена за злоупотреба на службената положба и овласување во случајот „Рекет“.

Јанева нема имунитет и доколку судот го прифати барањето на Обвинителството, таа веднаш ќе биде пренесена во истражниот затвор во Шутка.

Јанева добила мебел од 5.000 евра за да го ослободи Камчев од „Империја“

Јанева користејќи ја својата позиција за осомничен во истрагата на СЈО „Империја“ -Орце Камчев ги олеснила правните мерки кои биле преземени против него, односно му го укинала куќниот притвор и му го вратила пасошот за таа и нејзините пријатели да се стекнат со имотна корист. Освен тоа, Јанева е осомничена и дека договарала со Камчев спогодба за „Империја“ со тоа што случајот ќе се затвори, а Камчев ќе и плати незначителен износ оштета на државата.

Обвинителството како што рече Јовески уште на почетокот имале сознанија за инволвираноста на Јанева во случајот, но откако доказите се подгинале на повисок степен, истрагата е проширена и на неа.

Обвинителството досега има несоборливи докази дека Јанева била наградена со 298.000 денари во мебел, кој и го купил еден од осомничените.

-Уште од почетокот на истрагата централно прашање беше каде завршиле парите, но во овој момент во интерес на истрагата не можам да споделам повеќе информации, кажа Јовески.

Обвинителството не утврдило ниту една индиција дека парите завршиле надвор од земјата или кај домашни или странски политичари.

Полицијата денеска два пати вршеше претрес во домот на Јанева во Козле. Таа беше приведена попладнево од полицијата по налог на ЈО, а по претресот во нејзиниот дом беше одведена во канцеларијата во Специјалното јавно обвинителство, од каде со налог и беше одземен компјутерот. Потоа специјалната обвинителка повторно беше вратена во домот во Козле, од каде мебел и други предмети беа изнесени со камион. Претрес е вршен и во нејзината куќа во Гевгелија.

Сите сомнителни потези на Катица Јанева

За „Рекет“ притворот им е продолжен на Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.