Волфсбург е петтиот клуб со максимален ефект во Бундеслигата во оваа сезона. „Волците“ триумфално минаа низ Берлин каде ја совладаа Херта со 3:0 и останаа во друштво на Борусија Дортмунд, на Фрајбург, на Лајпциг и на Баер Леверкузен со две победи во исто толку одиграни натпревари.
Холанѓанецот Вут Вегхорст беше сигурен егзекутор на најстрогата казна за гостите, а во листата на стрелци во продолжението се запишаа и Хрватот Јосип Брекало во 82. минута, пет минути по влегувањето во игра, и Французинот Жером Росило во судиското екстра време.
Без пораз меѓу бундеслигашите се уште и Баерн Минхен и Борусија М. По ремито со Херта (2:2) на стартот, Баварците викендот го поразија Шалке, во Гелзенкирхен, со 3:0, а екипата од Менхенгладбах го победи Мајнц на гости со 3:1, откако на домашен терен одигра без голови со Шалке во минатиот викенд.
Бундеслига, 2 коло
Херта – Волфсбург 0:3
Лајпциг – Ајнтрахт Франкфурт 2:1
Шалке – Баерн Минхен 0:3
Падерборн – Фрајбург 1:3
Мајнц – Борусија Менхенгладбах 1:3
Хофенхајм – Вердер 3:2
Фортуна Дизелдорф – Баер Леверкузен 1:3
Аугсбург – Унион Берлин 1:1
Келн – Борусија Дортмунд 1:3
Табела: Борусија Дортмунд 6, Фрајбург 6, Лајпциг 6, Волфсбург 6, Баер Леверкузен 6, Баерн Минхен 4, Борусија Менхенгладбах 4, Фортуна Дизелдорф 3, Хофенхајм 3, Ајнтрахт Франкфурт 3, Херта 1, Шалке 1, Аугсбург 1, Унион Берлин 1, Вердер 0, Падерборн 0, Келн 0, Мајнц 0.