Полагаа надежи во Себастијан Фетел како прв возач, ги израдува Шарл Леклер. Радост, насмеани лица, високо подигнати раце и насмевки на лицата, конечно, и во боксот на Ферари. Момчето од Монако стана прв возач од Кнежевството што успеал да триумфира во трка за ГН на Белгија, ја забележа првата победа во кариерата и прва, воопшто, за тимот од Маранело во 2019 година. Во претходните 12, заедно со германскиот колега, гледаа во грб на еден или на двајцата ривали во конкурентските болиди на Мерцедес.
Овојпат беше обратно. Хамилтон и Ботас ја завршија трката по пилот на Ферари – Британецот влезе со 0,981 стотинки во целта, а Финецот задоцни 12,585 секунди. Но, нивото на разочарување, секако, беше незначително мало оти загубениот гранпри настап на патеката „Спа“ воопшто не ги доведува во опасност нивните позиции во генералниот пласман. Сезоната продолжува веќе наредниот викенд со ГН на Италија на патеката во Монца.
Трката во Белгија почна со едноминутно молчење за трагичното починатиот француски возач Антоан Ибер кој смртно настрада на истата патека ден претходно при настап во Формула 2 шампионатот.
Резултати од трката за ГН на Белгија
Шарл Леклер (Монако/Ферари) 1:23:45,710 часа
Луис Хамилтон (В. Британија/Мерцедес) +0,981 стотинки
Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) +12,585 сек.
Себастијан Фетел (Германија/Ферари) +26,422 сек.
Александер Албон (Тајланд/Ред Бул Рејсинг Хонда) +81,325 сек.
Серхио Перез (Мексико/Рејсинг Поинт БВТ Мерцедес) +84,448 сек.
Данил Квјат (Русија/Скудерија Торо Росо Хонда) +89,657 сек.
Нико Хулкенберг (Германија/Рено) +106,639 сек.
Пјер Гасли (Франција/Скудерија Торо Росо Хонда) +109,168 сек.
Ленс Строл (Канада/Рејсинг Поинт БВТ Мерцедес) +109,838 сек., итн.
Генерален пласман кај возачи
Луис Хамилтон 268 бода
Валтери Ботас 203
Макс Ферстапен 181
Себастијан Фетел 169
Шарл Леклер 157
Пјер Гасли 65
Карлос Сајнц 58
Данил Квјат 33
Кими Раиконен 31
Александер Албон 26, итн.
Генерален пласман кај конструктори
Мерцедес 471
Ферари 326
Ред Бул Рејсинг Хонда 254
Мекларен Рено 82
Скудерија Торо Росо Хонда 51
Рено 43
Рејсинг Поинт БВТ Мерцедес 40
Алфа Ромео Рејсинг Ферари 32
Хас Ферари 26
Вилијамс Мерцедес 1