Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проекција на филмот „Рихард Вагнер“ со придружба на Македонската филхармонија

0
By Нова ТВ on December 3, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 3, 2013 11:40

По повод 200-годишнината од раѓањето на големиот германски композитор Рихард Вагнер Гете-институт Канцеларија за врски Скопје во соработка со Македонската филхармонија, Кинотеката на Македонија, НУ Центар за култура – Битола и Друштвото за германско-македонско пријателство и соработка, Битола го прикажува филмот „Рихард Вагнер“ (со музичка придружба на Македонската филхармонија).

Филмот во Скопје ќе биде прикажан во киното Милениум на 5 декември во 20:00 часот, а во Битола на 6 декември.

Филмскиот концерт во Македонија ќе го изведе Македонската филхармонија под водство на диригентот Хелмут Имиг, еден од најзначајните германски експерти за аранжирање филмски концерти. Хелмут Имиг ја адаптираше за оркестар оригиналната музика од Џузепе Бече.

Со оваа изведба се продолжува низата историски филмски концерти иницирани од Гете-институт, Кинотеката на Македонија и Македонската филхармонија посветени на значењето и зачувувањето на европското аудио-визуелно културно наследство.

Биографскиот филм настанал во 1913 г. по повод 100-тиот роденден на големиот композитор и раскажува за животот на Рихард Вагнер во манирот на „живи слики“ (tableaux vivants’).

Оскар Местер, еден од најагилните филмски продуценти во областа на германскиот нем филм, во 1913 г. добил идеја да направи филм за животот на Рихард Вагнер. Така настанал првиот филм кој ги отсликува сите позначајни моменти од животот на композиторот – почнувајќи од неговите студии и првото вработување во театарот во Бад Лаухштед, успехот и неуспехот во Дрезден, па се до поддршката од кралот Лудвиг II, кој го поддржувал до крајот на животот. Рихард Вагнер е првиот биографски филм во германската филмска историја, а воедно и прв филм за кој е напишана филмска музика во Германија.

По повод 200-годишнината од раѓањето на Рихард Вагнер ова 100 години старо филмско дело е повторно достапно благодарение на верзијата реконструирана од страна на Фондацијата Фридрих Вилхелм Мурнау и ЦДФ/АРТЕ: појдовен материјал за овој обемен проект била реставрираната филмска копија од Холандскиот филмски институт EYE каде биле сочувани две историски виражирани нитратникопии. Со неговиот реконструиран хроматизам филмот делува како патување низ илузионистичкиот театар на 19 век. Заедно со филмот, реконструираната е и оригинална музика од Џузепе Бече.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.