Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европска недела на спортот од 23 до 30 септември во организација на АМС

0
By Нова ТВ on September 22, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 22, 2019 13:53

Масовно скокање со јаже, трка со велосипеди, ноќно искачување на Водно, кросфит активности и турнир во кошарка се само дел од активностите што се планирани во рамки на Европската недела на спортот што од 23 до 30 септември ја огранизира Агенцијата за млади и спорт (АМС). Директорот на АМС, Дарко Каевски, на отворањето на Европската недела на спортот, посочи дека настанот има за цел да се поттикнат младите повеќе да спортуваат и практикуваат здравите начини на живот.

„Предвидени се многу активности и спортски настани. Има пет главни настани проследени со околу 50-тина содржини што ги спроведуваат општините кои се партнери во проектот. Очекувам дека ваквите настани ќе станат пракса и на општините и на сите спортски клубови и федерации“, изјави Каевски.

Главна цел е да ги поттикнеме најмладите што е можно повеќе да спортуваат затоа што, според Каевски, само така може до здрава нација со здрави навики за спорт.

Според Александра Дичевска, која е национален координарот на Неделата на спортот, сите активности се од рекреативен карактер и отворени за сите граѓани.

„На 23 септември од 18:00 часот на Кеј ги очекуваме сите граѓани со велосипед, тротинет или ролерки да дојдат и учествуваат во аматерска штафетна трка. На 24 септември на градскиот плоштад се организира турнир 3х3 во кошарка за што може да се пријават на фејсбук страницата на Европска недела на спорт“, изјави Дичевска.

На 25 септември на градскиот плоштад се организира масовно скокање на јаже.

„Нема пријавување. Сакаме сите граѓани да дојдат до 18:30 часот. Имаме обезбедено околу 550 бесплатни јажиња за скокање, маици и вода. Бесплатно ќе ги поделиме и сите заедно ќе скокаме 45 минути. Потоа следува лотарија. Ќе има број на самите јажиња и извлекувањето ќе биде на крај“, објасни Дичевска.

На 27 септември следи „Осветли го Скопје“, рекреативно ноќно искачување на Водно, а на 28 септември се организираат над 20 кросфит активности во СЦ „Борис Трајковски“. На 26 и на 30 септември се вклучуваат 50 општини со свои активности како посета на првачиња и пријателски натпревари. Целта е од година во година сите 80 општини да се вклучат во проектот, истакна Дичевска.

АМС Европска недела спорт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.