Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инспекторат: Еколошкиот инцидент во Вардар го предизвикал Арцелор Митал

0
By Нова ТВ on September 23, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 23, 2019 16:36

Еколошкиот инцидент кој се случи вчера утрината во реката Вардар, кај Аеродром при што дојде до масовен помор на рибите, го предизвикал Арцелор Митал- Либерти Хаус Груп, констатирал Државниот Инспекторат за животна средина. Еколошката катастрофа се случила поради пукање при што дошло до излевање на материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за отпадни води и обоена  црвеникаво-жолта отпадна вода завршила во реката Вардар, потврдија од инспекторатот.

„Од правниот субјект Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп, Државниот Инспекторат за животна средина беше писмено известен дека еколошкиот инцидент кој се случи на ден 22.09.2019 година е предизвикан од нивна страна, каде во работните простории на компанијата е дојдено до пукање на каде при што е дојдено до излевање на материјал измешан со железо и киселина без соодветно да биде третиран во системот за отпадни води, при што е предизвикано излевање на видно обоена  црвеникаво-жолта отпадна вода во реципиент река Вардар во утринските часови на ден 22.09.2019 год.

Сите наводи се констатирани со инспекциски надзор на лице место со Записник за констатација, по што во постапката ќе следи соодветно решение во законскиот рок, а по добивањето на деталниот извештај за причините кои доведоа до инцидентот, ќе се постапи согласно законските прописи и јавноста повторно ќе биде информирана за водењето на понатамошната постапка“, соопштија од Државниот Инспекторат за животна средина.

Вчера, граѓаните во Скопје беа вознемирени од невообичаено бакарната боја на реката Вардар, откако на социјалните мрежи се објавени неколку видеа на кои може да се забележи натпросечното ниво на загаденост на реката.

Градоначалникот Шилегов на Фејсбук напиша дека поради помор на риби по течението на реката Вардар во Аеродром, дежурните инспектори од Инспекторат на Град Скопје заедно со екипи на ЈП „Водовод и канализација“ веднаш излегле на увид на терен.

„Од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација“ веќе се земени примероци од водата за испитување. Првичните индиции на градските инспектори се дека загадувањето на реката на овој потег е од кругот на поранешна „Железара“. Во координација со надлежните државни инспекции ќе следат вонредени инспекциски контроли во кругот на „Железара“, а одговорните субјекти за ова загадување ќе бидат соодветно санкционирани“, напиша Шилегов.

Од инспекторатот соопштија дека денеска од страна на Државниот Инспекторат за животна средина е извршен вонреден инспекциски надзор во комплексот на поранешна Железарница, Скопје кај три правни субјекти и тоа: Макстил А.Д, ЕСМ-Подружница Енергетика, Скопје и Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп, поради загадување на водите на река Вардар на ден 22.09.2019 година.

Надзорите се вршени од страна на два Државни Инспектори за животна средина, а во надзорот учествуваше и 1 Помлад Инспектор за животна средина сите од Одделението за инспекциски надзор во животната средина и природата-Скопски регион.

Кај сите погоре споменати правни субјекти се изготвени Записници за констатација во инспекциска постапка, направена е фотодокументација, а од страна на субјектите е доставена дополнителна документација за потребите на надзорите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.