Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општински тендери за 2018: Град Скопје троши колку 46 општини заедно

0
By Нова ТВ on September 26, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 26, 2019 10:21

Фабрика Карпош од Скопје му го презеде приматот на Пуцко Петрол според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година. Во топ-трите фирми влезе и Пелагонија од Гостивар, а Бауер БГ го сочува местото во врвот кое го има со години наназад. 

Општините и Градот Скопје за јавни набавки лани потрошиле 97 милиони евра, склучувајќи 3.898 договори со 1.331 фирма. 

Овие го покажуваат податоците  од Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2018 година изработена од Центарот за граѓански комуникации, а која ги содржи податоците за сите 3.898 договори за јавни набавки склучени од Градот Скопје и 80-те општини.

Базата е интерактивна и овозможува пребарување на тендерите по општини и по фирми, а и дава графички преглед на учеството на фирмите во набавките на секоја општина одделно. Базата содржи податоци и за уделот на набавките во буџетите на општините, како и за вредноста на набавките по жител. Базата содржи податоци за последните четири години.  

По две години намалување, вредноста на јавните набавки на локалните власти во 2018 година е зголемена за 17 милиони евра, односно за 21 отсто во однос на претходната година. 

На врвот според договорите за јавни набавки останува Град Скопје со 14 милиони евра, но и со огромен пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година од 42%, односно за 4,2 милиони евра. 

Куманово со 4,9 милиони евра скокна од ланското трето, на второто место, додека Аеродром ја загуби позицијата во првата тројка и на негово место годинава се искачи Струмица со набавки во вредност од 4,1 милион евра. 

Двете општини кои претходно биле на четвртото и петтото место – Битола и Тетово – паднале на 14-то и 20-то место според вредноста на јавните набавки. И кај двете вредноста на набавките се преполовила во однос на претходната година. Битола од 4 милиони евра паднала на 2,2 милиони евра (-45%), а Тетово од 3,9 милиони евра на 1,7 милиони (-56%). 

Ваков значаен пад има и кај Штип која од 2,8 милиони евра, во 2018 имала набавки од само 1,4 милиони евра со што од деветтото падна на 23-то место. 

Спротивно, општини кои не биле, а влегле во првата десетка, со значен скок во вредноста на јавните набавки се: Струга (+162%), Гостивар (+90%) и Кавадарци (+57%). 

На дното на табелата според вредноста на набавките се три мали општини, сите со набавки под 100.000 евра и тоа: Центар Жупа 96.045 евра), Ранковце (80.081 евра) и Зрновци (65.495 евра). 

Само Град Скопје за тендери троши колку 46 општини заедно 

Град Скопје, како најголема единица на локалната самоуправа троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно. Во прилог на големиот јаз во економската моќ на општините оди и податокот дека 11-те единици на локална самоуправа со најголема вредност на набавките заедно трошат половина од парите, односно колку преостанатите 70 општини. 

Кога вредноста на јавните набавки ќе се стави во однос на бројот на жители, се добива поразлична слика. Најмногу набавки по жител има Новаци со 291 евро, додека најмалку има Боговиње со само 9 евра по жител. Просечно, вредноста на набавки по жител изнесува 46 евра. Само 24 општини имаат набавки над просечните 46 евра по жител, додека кај 57 општини вредноста на набавките е под просекот. 

Само шест општини имаат набавки над 100 евра по жител и тоа: лидерот Новаци (291 евро), Карбинци (130 евра), Македонска Каменица (111 евра), Чучер-Сандево (109 евра), Илинден (107 евра) и Долнени (101 еврo) – сите мали општини под 17.000 жители. 

Од поголемите општини, најмногу набавки по жител имаат: Струмица – 72 евра, Центар – 63 евра, Струга и Гази Баба по 53 евра и Ѓорче Петров по 51 евро. 

Под 20 евра по жител се големата општина Тетово (19 евра), како и помалите општини: Сопиште (19 евра), Шуто Оризари (19 евра), Центар Жупа (13 евра), Желино (12 евра) и Боговиње (9 евра). 

Во однос на учеството на јавните набавки во буџетите на општините, тоа се движи од 4% до 77%. Најголем дел за јавни набавки од општинскиот буџет трошат Струмица (77%) и Струга (69%). Најмалку, по 4%, трошат Сопиште и Македонски Брод. Просечно, општините за јавните набавки издвојуваат по 22% од своите буџети. 

20 фирми држат третина од локалните тендери 

И во 2018 година, според податоците од базата, постои висока концентрација на мал број фирми во набавките на општините. Така, првите 10 фирми со најголема вредност на договорите за јавни набавки имаат учество од цели 22% во вкупната вредност на тендерите на општините, додека првите 20 фирми, држат дури една третина од вредноста на набавките. 

Сепак, концентрацијата била дури и поголема во 2015 и 2016 година кога првите 10 фирми држеле 29% и 30% од сите тендери. 

Во првата десетка се наоѓаат дури 8 градежни фирми и два нафтени дистрибутери. Пет се од Скопје и по една од Тетово, Струга, Гостивар, Пласница и Кавадарци. 

Фабрика Карпош првото место го обезбеди со договори во вредност од 3,9 милиони евра. Пелагонија Гостивар е втора со 2,9 милиони, а трета е Бауер БГ со 2,5 милиони евра. 

Фабрика Карпош има склучено 13 договори од кои дури 5 со општина Илинден, но вредносно доминира договорот со Град Скопје во вредност од 2,4 милиони евра за изградба, одржување и реконструкција на бул. Босна и Херцеговина. Ова е и поединечно најголемиот тендер што во 2018 година го склучила една локална власт. Вкупната вредност на тендерите што ги добила Фабрика Карпош е 3,9 милиони евра. 

И втората по ред, Пелагонија Гостивар, која има само пет договори за јавни набавки со општините, ова високо место го обезбедува поради договор со Град Скопје во вредност од 2 милиони евра за изградба на бул. Христијан Тодоровски Карпош, што е втор по големина тендер на ниво на локална власт. Вкупните договори на Пелагонија со општините се вредни 2,9 милиони евра. 

Третата Бауер БГ има 12 договори со општините во вкупна вредност од 2,5 милиони евра, од кои доминираат двата договора со Гази Баба во заедничка вредност од 1 милион евра. 

Четврта фирма е Илинден од Струга со вредност на тендерите со општините од 2,1 милиони евра, додека на петтото место се искачи нафтениот дистрибутер Супертрејд со 2 милиони евра, преземајќи му го приматот во овој дел од бизнисот на ланскиот првак Пуцко Петрол кој падна на седмо место со 1,9 милиони евра. Претходната 2017 година, Пуцко Петрол имаше набавки со општините за 3 милиони евра. 

Покрај двата најголеми тендери што со Град Скопје ги склучиле првите две фирми, Фабрика Карпош и Пелагонија Гостивар, носител на третиот најголем тендер склучен од страна на локална власт во 2018 година е Оли-Травел Куманово, со општина Куманово за превоз на ученици во вредност од 1,2 милиони евра. 

Следен по големина е тендерот што струмичката Универзал Градба го склучила со Општина Струмица за изградба на улици во вредност од 1,1 милиони евра. 

Кога станува збор за број на склучени договори со единиците на локална самоуправа, води струмичката транспортна фирма Струмица-експрес со 49 договори, по која следуваат кочанската фирма Рики-Јуниор со 45 договори и нафтениот дистрибутер Макпетрол со 44 договори. Струмица-експрес е нова во врвот на листата, додека Рики-јуниор и Макпетрол и лани беа меѓу првите три. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.