Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приштина забрани влез и изборна агитација на политичари од Белград во Косово

0
By Нова ТВ on September 30, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 30, 2019 08:09

Министерството за надворешни работи на Косово им забрани влез во земјата на официјални претставници на властите во Србија, со цел да го спречи нивното учество и агитирање во кампањата за изборите што ќе се одржат на 6 октомври, јави МИА од Приштина.

Шефот на кабинетот на вршителот на должност министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли, Јетлир Зиберај преку својата страница на Фејсбук објави дека властите во Приштина ја донесоа оваа одлука поради притисоците што врз српската заедница во Косово ги врши официјален Белград.

– Изборите од 6 октомври се избори на Република Косово и на нејзините граѓани. Официјални лица од Белград не можат и ќе бидат спречени да водат изборна кампања за косовските избори. Нема да се толерираат ниту заканите врз српската заедница во Косово од страна на Белград. Белград ја знае реалноста во Косово и треба да се однесува согласно таа реалност, да го почитува Уставот и законите на Косово, напиша Зиберај.

Одлуката на косовското МНР уследи по реакциите на неколку партии на косовските Срби, обединети во коалицијата „Слобода“, кои го обвинуваат Белград дека врши притисок, со уцени и закани, врз српското население во северно Косово, во полза на партијата Српска Листа (СЛ), која има отворена поддршка од властите во Србија и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Меѓу лицата на кои им е забранет влез во земјата е заменик-директорот на канцеларијата за Косово при Владата на Србија, Дамјан Јовиќ, кој за одлуката на Приштина рече дека претставува продолжување на „репресијата и политичкото насилство врз српското население и врз Српската листа“.

Јовиќ за косовската телевизија на српски јазик „Мост“ изјави дека во текот на вчерашниот ден требал да посети неколку населени места во општините Србица и Вучитрн и дека намерата му била да ги повика тамошните Срби да гласаат за СЛ.

– Приштина треба да разбере дека српскиот народ не гласа за СЛ поради нас, на кои ни се забранува влезот, туку српскиот народ ја поддржува СЛ бидејќи ја сака Србија и тоа никој нема да го смени, изјави Јовиќ.

Порталот Коха.нет објави дека и другиот заменик-директор во српската Канцеларија за Косово, Душан Козарев, во саботата бил запрен од косовската полиција на патот Ранилуг – Новобрдо, во близина на границата со Србија, по што бил принуден да го напушти Косово. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.