Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Советот на Европа ќе се погрижи Управата за матични книги да му даде лична карта на „Икс“

0
By Нова ТВ on October 3, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 3, 2019 17:51

Советот на Европа се вклучува во спроведувањето на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот „Икс против Македонија“.

И покрај тоа што ЕСЧП пресуди во полза на лицето „Икс“, тој се уште не може да добие нови лични документи со нова ознака за пол.

На вчерашниот состанок на работната група во Министерството за правда било констатирано дека нашата земја е последна од регионот која нема решение за правно признавање на родот, па затоа и претставници на Советот на Европа ќе се приклучат во следењето на спроведувањето на пресудата на ЕСЧП во случајот „Икс“.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур на почетокот на годинава пресуди во корист на трансродовото лице „Икс“ кое ја тужеше Македонија поради повреда на правото на приватност и на неефикасен правен лек во земјата.

Судот ја уважи тужбата врз основа на членот осум на Конвенцијата за човекови права што се однесува на повреда на правото на приватност и изрече казна од девет илјади евра нематеријална штета која државата ќе треба да му ги исплати на лицето „Икс“ поради претрпен стрес.

Адвокатката Наташа Бошкова вели дека трансродовото лице Икс се уште не може да добие нови лични документи каде што ќе фигурира неговиот нов род.

Владимир Делов од кабинетот на министерката Рената Дескоска истакнува дека улогата на Министерството за правда е да обезбеди минимални предуслови за почитувањето на правата на овие лица.

-Работната група во Министерството за правда беше формирана пред носењето на пресудата за случајот Икс. За жал не успеавме да ја пресретнеме пресудата со правно решение за овој проблем. Сакам да истакнам дека случајот Икс не беше изненадување за нашите институции, има долга историја со Управниот суд, со Управата за водење на матичните книги која во повеќе наврати одбива да направи промена на родот во случајот.

Владимир Делов, Министерство за правда

Жал ми е да истакнам, слушнавме статистика за тоа како земјите од Европа одговараат на овој проблем, а ние сме последната држава во регионот која нема решение за правното признавање на родот – вели Делов.

Делов најави дека во наредниот период ќе претстои динамична соработка со Советот на Европа, која била утврдена на вчерашниот состанок.

-Сето тоа ќе биде во насока на извршување на пресудата на Икс против државата. Можеби доцниме во однос на земјите од регионот, ние смогнавме сили навремено да го решиме овој проблем на трансродовите лица, но мислам дека овој предизвик е причина да се издвоиме од јатото од Балканот. Нашата цел ќе биде да ги следиме примерите од западноевропските земји, со што можеби би станале пример за останатите земји во регионот за правното признавање на родот – вели Делов.

Делов истакнува дека ова е нова тема за македонското општество и дека природно е да има многу предрасуди и недоразбирања кои се отсликуваат како во општеството, така и во работната група.

-Би сакал да се заблагодарам на лицето Икс што го изоде патот за сите останати лица и сакам да истакнам дека прашањето за извршувањето на пресудата од Судот не е прашање на избор за институциите, но е прашање кое конечно ќе стави крај на проблемите на правното признавање на родот – порача Делов од Министерството за правда.

 

Претходно, лицето Икс за НоваТВ изјави дека ќе оди до крај и дека нема да се откаже од борбата за своите права.

На кој начин, пресудата во ваша полза ќе ви го олесни животот?

– Би било ли премногу кога би рекол „на секој начин“? Буквално не постои институција во која не сум морал пред полна чекална да се објаснувам и да добивам гласни коментари „Ама матичниот број ти е женски!“ „Операција имаш правено?“ „Чекај, што е сега кај тебе проблемот?“ „Не си ти ова!“ и смеење цело време. Давам сѐ од себе за да живеам барем малку од малку подобро. Ама ете. Не можам без проблеми да добијам здравствена услуга. Не можам да патувам со пријатели кои ги имам запознаено по медицинската транзиција. А и без тоа сум имал проблеми на граница. Па треба ли да ми бидат ограничени огромен дел од правата затоа што некој не разбира дека треба да се регулира ова прашање? Одбивам да бидам игнориран. Имам права. Рамноправен граѓанин сум. Закон за правно признавање на родот мора да се донесе врз основа на самоопределување! Барањето медицински интервенции за промена на документите го напаѓа телесниот интегритет на транс луѓето, а тоа е уставно заштитена категорија. Од државата очекувам да го почитува Уставот. Алтернатива нема – рече лицето „Икс“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.