Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиера на претставата „Машко/женски-женски/машки“ во Битола

0
By Нова ТВ on December 6, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 6, 2013 13:09

Претставата „Машко/женски-женски/машки“ е меѓународнана копродукција на „Фрлачи на сенки“ (Shadow casters) од Загреб и Театарот & ТД од Загреб и Фестивалот МЕСС од Сараево премиерно ќе биде изведена во Македонија, во НУ Центар за култура – Битола на 8 декември 2013 год. (недела), со почеток од 19.30ч.

Прашањата кои ги поставува оваа претстава се: каков е статусот на машкиот и женскиот идентитет на почетокот на втората деценија на 21 век после сите историски (р)еволуции, метаморфози, транзиции, трансгресии и регресии? Како може денес да се дефинира машкото и женското прашање и дали тоа е вооппшто прашање или нешто друго?

И како можеме, прифаќајќи ги заедничките различности, да формираме врамнотежена заедница како темел за развојот и просперитетот на хрватското општество
или пак општеството, генерално гледано? Како квалитетно да ги преиспитаме општите стереотипи за родните улоги на мажите и жените во 21 век?

Претставата, во која играат врвни хрватски и босански актери и актерки, познати од театарот, филмовите и ТВ сериите, ги привлекува и публиката и организаторите. Специфично за оваа претстава е и истражувањето на еден малку застапен вид на авторски театар т.е. оној во кој самите актери се автори и кои во ко-авторство со публиката ги одредуваат, насочуваат и ги модерираат текот на претставата и статусно го преиспитуваат односот меѓу актерите и публиката. Со самото тоа секоја изведба е уникатна т.е. единствена и неповторлива. Она што е клучно и за оваа претстава на „Фрлачи на сенки“ е специфичниот емотивен однос на актерите кон публиката.

Претставата досега играла во Загреб, Сараево, Сплит, Пакрац, Опатија, Пула, Нови Сад, Суботица и Љубљана а гостува во Битола преку соработката на НУ Центар за култура – Битола, „Фрлачи на сенки“ од Загреб „Факултет за работи што не се учат“ и АКТО фестивалот за современа уметност.

Ова е втора соработка на „Фрлачи на сенки“, НУ Центар за култура – Битола и „Факултет за работи што не се учат“ по настанот „Сеќавање на еден град“ составен од две јавни дискусии и работилница одржани во НУ Центар за култура – Битола, во јануари, оваа година а трета со „Факултет за работи што не се учат“ по регионалната конференција „Сеќавање на еден град“: Микроутопии и стварности“ (22 и 23 ноември, 2013 год.) и работилницата „Аутомакедонија – сигурно место?“ (20-22 ноември, 2013 грд.).

„Фрлачи на сенки“ се креативен кплектив кој неформално делува од 2001 год. а формално од 2002 год. како уметничка организација регистрирана кај Министерство за култура, како задруга, обединувајќи го триесетгодишното професипнално искуство на нејзините основачи Борис Бакал, Катарина Пејовиќ, Станко Јузбашиќ и Жељко Сердаревиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.