Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Подготвени сме да го имплементираме мислењето на Венецијанската комисија

0
By Нова ТВ on October 8, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 8, 2019 12:57
Како институција сме подготвени да го имплементираме мислењето на експертите на Венецијанската комисија за Законот за јазиците, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на фабриката за производство на електрични свичови за автомобили „Маркарт“ во велешкото село Каласлари. Тој додаде дека се работи за драфт верзија на текстот.

-Сето тоа што го предлагаат е на нивото на европските пракси и сакаме да учиме од Венецијанската комисија. Рековме дека ја почитуваме Венецијанската комисија, која ќе го даде нејзиното конечно мислење, бидејќи досега како што коментираа, што е поважно дали владеењето на правото и очекувањето да се добие правда или употребата на јазикот. Можеме да дадеме објаснувања колку се важни правото на јазикот и на правда, за на крај да можеме да дадеме свое мислење и да можат тие да го оформат своето мислење, рече премиерот Заев.

На новинарско прашање за забелешката на пратеникот на ДУИ Артан Груби, кој коментира дека цената на мирот е неспоредлива со цената на имплементацијата на законот, односно дека со законот е купен мир, премиерот Заев посочи дека законот е човечко право  што произлегува од правото на употреба на јазици и јазикот е средство за разбирање, за животот да ни биде полесен.

-Оттука и доаѓа буквално употребата на јазиците. Тоа е уставно право на граѓаните. Ништо не се сменило во нашата држава, а граѓаните имаат дополнително право да си го користат, рече Заев.

Заев VS Груби: Какофонија меѓу владините партнери за Законот за јазици

Тој притоа посочи повеќе практични примери за употреба на јазикот, како при добивање на  социјална помош и како тоа ќе послужи ако една стара возрасна жена знае само албански јазик или пак жена Ромка која живее во Шуто Оризари и не знае на друг начин да комуницира за да го оствари ова свое право.

-Дефинитивно треба да бидеме демократи да донесеме закон, а Венецијанската комисија ќе ни ги даде своите укажувања и конечно сме подготвени да го имплементираме. Бидејќи ако сакаме да влеземе во Европската Унија, треба да ги почитуваме европските институции, истакна Заев и дополни дека во државата се е транспарентно и сите знаат како се одвиваат процесите.

Во врска со проблемите во инститициите и на менаџерите за непознавање на албанскиот јазик и дали планира Владата Македонците да научат албански, а Албанците македонски, премиерот Заев потенцира дека како Влада им стојат секојдневно  на располагање на граѓаните да ги поддржат нивните потреби „не само да дадат тренинг за квалификувана работна рака, туку да поддржат се за да создадат подобри услови за работа и полесно граѓаните да најдат работно место“.

-Ние им стоиме на располагање на граѓаните. Знаењето на јазиците е богатство. Знаеме дека дома сите ги тераме децата да учат јазици затоа што ќе им  се најдат во животот. Затоа, јас верувам дека колку знаеме повеќе јазици, толку ќе им помогнеме на децата во нивните планови во животот. Владата ќе поддржи се за полесно да се вработат граѓаните, а посебно младите, потенцира премиерот Заев.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во врска со Законот за јазиците изјави дека треба да се почека Венецијанската комисија да излезе со конечен извештај, по што ќе се види што од тоа може да одговара на нашиот политички контекст, а што е спротивно од нивните согледувања, спротивно од Рамковниот договор, спротивно од нашите погледи како треба да го развиваме нашето мултиетничко општество и мултиетничка држава.

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска одоварајќи на новинарско прашање во врска со драфт верзијата на Венецијанска комисија за Законот за јазциите истакна дека тој уште во кампањата за претседателските избори ја потенцирал потребата од подигнување на нивото на употребата на албанскиот јазик во земјава.

-Тоа не е тајна, јас сум го кажувал многу пати. Во однос на конкретното прашање мораме да внимаваме. Значи, станува збор за драфт, за нацрт на документ кој е пробиен претпоставувам од нечии лични или политички причини предвреме. Да почекаме да биде официјално објавен и јас би сакал да видам дали тоа што една или две странички беше објавено, а документот има многу повеќе страници дали ќе остане со истите формулации до крај, рече Пендаровски.

Истакна дека тој за ова ќе се произнесе како една од институциите во државата откако ќе има конечна и официјална верзија на документот.

-Не би сакал да се произнесувам на едно парче од документот кое е пробиено и тоа парче, тој дел, таа страница и пол до две е од драфт, значи дел од начелна верзија, не е финална верзија.

Министерството за правда вчера посочи дека нема да го кометира мислењето на експертите на Венецијаската комисија за Законот за јазиците сè до неговото усвојување од комисијата кога станува официјално.

– Мислењето на експертите на Венецијанска комисија е класифицирано сè до неговото усвојување од Комисијата кога станува официјално. До неговото официјализирање нема да го коментираме, а штом ќе биде усвоено ќе го почнеме процесот на имплементирање на препораките содржани во него, велат од Министерството за правда.

Според оценките на Венецијанската комисија, како што објави „Плусинфо“, Законот за јазиците ќе го загрози функционирањето на целиот судски систем и препорачува негово преиспитување.

Венецијанската комисија препорачува преиспитување на Законот за јазици

– Многу одредби од Законот за јазици (од 2018 година) ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици. Ова во принцип е за пофалба. Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите на Северна Македонија за подобрување на јазичната состојба на немнозинските заедници, пишува „Плусинфо“.

Според мислењето на Венецијанската комисија во одредени области законот оди премногу далеку, наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Ова е особено случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена.

Ова се дел од оценките во нацртот на заклучоците на Венецијанската комисија, што официјално ќе се објават на 17 октомври. Нацртот е подготвен на 27 септември годинава.

За примена на законот, формирана е нова владина Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија, каде шо за прв директор е избран Илбер Села.

Што предвидува Законот за употреба на јазиците

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.