Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган до ЕУ: Ако е ова инвазија врз Сирија, ќе ви испратиме 3,6 милиони бегалци

0
By Нова ТВ on October 10, 2019 СВЕТ
АФП
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 10, 2019 13:44

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе ги „отвори портите“ за сириските бегалци од неговата земја кон Европа, одвивајќи ги критиките на Европската унија за тековната воена офанзива во североисточна Сирија.

– Вие не можете да ја оквалификувате нашата операција како инвазија, изјави Ердоган во Анкара во порака до ЕУ.

– Тогаш ќе ги отвориме портите и ќе испратиме 3,6 милиони бегалци, нагласи Ердоган. Тој  додаде дека турската воена операција е насочена само кон „елиминирање на теророт“.

Турските трупи и нивните сириски бунтовнички сојузници денеска навлегоа во североисточна Сирија, со што започна копнена офанзива против курдските борци на милицијата, откако вчера турските воени авиони и артилерија започнаа воена интервенција врз позиции на курдските борци во северниот дел на Сирија, само неколку дена откако американските трупи се повлекоа од областа.

Во меѓувреме продолжуваат гранатирања на сириските гранични градови, при што Рас Елејн беше прва цел во вториот ден од конфликтот, јави денеска сириската државна телевизија.

Гети

Досега 15 цивили се убиени во нападите на турската армија и над 20 повредени.

Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ) предупредува дека турската офанзива во североисточниот дел на Сирија може да предизвика раселување на 300.000 луѓе и да ги загрози активностите на хуманитарните организации.

Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) соопшти денеска дека десетици илјади цивили во Сирија се обидуваат да побегнат од борбите и бараат безбедност поради турската офанзива во тоа подрачје.

Соопштението на УНХЦР е издадено еден ден откако турската војска започна воена операција против курдските борци во Сирија.

УНХЦР ги повика инволвираните страни во конфликтот да се придржуваат кон Меѓународниот хуманитарен закон и да овозможат пристап до хуманитарните организации.

Агенцијата на светската организација нагласи дека моментно стотици илјади цивили во северниот дел на Сирија се наоѓаат во опасност, додавајќи дека граѓаните и цивилната инфраструктура не смеат да бидат мета на напад.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека вчера повеќе од 60.000 луѓе ги напуштиле своите домови во северниот дел на Сирија поради турската офанзива.

– Тие бегаат од зоната во близина на границата со Турција, посебно од областите Рас ал Аин и Дарбасија, наведе сирискиот Центар, додавајќи дека бегалците главно се движат кон источниот град Хасака.

УНХЦР нагласи дека по осум години судири во земјата, 5,6 милиони Сиријци живеат како бегалци.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи  седница зад затворени врати, на која ќе разговара за ситуацијата во Сирија, истакнаа неименувани дипломати. Расправа на 15-те земји членки на СБ на ОН за ситуацијата во Сирија побараа пет европски членки – Велика Британија, Франција, Германија, Белгија и Полска.

Арапската лига за в сабота закажа вонреден состанок на барање на Египет.

Остри реакции пристигнаа од целиот свет, при што се бара конфликтот во Сирија да не се решава повеќе со воени активности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.