НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американски војници под турски оган во Сирија

0
By Нова ТВ on October 12, 2019 СВЕТ
Фото: forces.net
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пентагон соопшти дека американските трупи во Сирија биле на удар на турската артилерија во градот Кобане, област за која Турците имаат информации за присуство на Американци.

Портпаролот Брук ДеВолт изјави дека турски гранати експлодирале на неколку стотина метри од американските војници. Тој изјави дека нема повредени меѓу Американците кои не го напуштиле Кобане.

Турција информира дека американските војници не биле цел и дека нејзините сили само одговориле на митралески и минофрлачки напад врз турски граничен пункт што дошол од правец на Кобане.

ДеВолт предупреди дека Турција мора да избегнува дејства што можат да доведат до одбранбени реакции на САД. Турското Министерство за одбрана соопшти дека го запреле нападот кога стапиле во контакт со САД.

Во меѓувреме, стравувањата на меѓународната заедница дека турската офанзива во Сирија може да доведе до воскреснување на т.н. Исламска држава, се потврдија од експлозии на две автомобил-бомби пред еден ресторан во центарот на градот Камишли кој е под контрола на Курдите. Во експлозиите загинаа три лица, а екстремистите ја презедоа одговорноста за нападот.

Исто така, турските сили жестоко го гранатираа Камишли, при што беше погоден затвор во кој се наоѓаат припадници на терористичката Исламска држава, соопштија курдските власти во Сирија. Тие објавија видео на кое се гледа граната како паѓа во двор, а неколку секунди подоцна, неколку луѓе ја отвораат вратата во обид за бегство од објектот.

офанзива Пентагон Сирија Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.