Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демонстрантите ја блокираа Барселона по високите казни за лидерите за независност

0
By Нова ТВ on October 14, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 14, 2019 15:23

Каталонците излегоа на протести во Барселона  по веста дека девет водачи за независност се прогласени за виновни и се казнети од девет до 13 години затвор.

Поголемиот дел од Каталонците, без разлика дали се сепаратисти или не изјавија дека обвиненијата и казните се претерани.

Гардијан пренесува дека демонстрант во Барселона носел плакат на кој пишувало: „Јас не сум за независност, но не сум ниту идиот“.

Централна Барселона е речиси непроодна за сообраќај, бидејќи демонстрантите се собираат на различни места во градот. Учениците од училиштата и универзитетите ги наполнија улиците, а наскоро им се придружија и вработените во администрацијата.

Студентски сојуз повика на „масовна непослушност“, а друга група повика да се блокира главниот терминал на аеродромот во Барселона. Голем број  полицајци ги спречија демонстрантите да ги блокираат железничките линии. Полицијата, исто така, го затвори пристапот до Парк де ла Цитадела која се наоѓа во непосредна близина на зградата на парламентот на Каталонија во Барселона.

Каталонската фудбалска федерација ги откажа сите натпревари и тренинзи во солидарност со затворените лидери, додека фудбалскиот клуб Барселона ги осуди казните и повика на дијалог.

Врховниот суд во Шпанија осуди деветмина лидери на борците за независност на Каталонија на казни затвор од девет и 13 години за заведување поради нивната улога на референдумот за независност во 2017 година.

За тројца други кои се прогласени за виновни за непослушност, не им се изречени затворски казни.

Ориол Јункерас, поранешниот потпретседател на Каталонија е осуден на највисоката казна затвор од 13 години, а за него обвинителството бараше 25 години затвор.

Дванаесетте политичари и активисти ги негираа обвиненијата.

Врховниот суд на Шпанија во меѓувреме издаде европски налог за апсење на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.

Пуџдемон веќе две години се наоѓа во Белгија, а судот во Германија во јули минатата година одби да го испорача, во периодот кога привремено престојуваше во оваа земја.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.