Постигнат е договор за Брегзит објави претседателот на Европската Комиисја Жан Клод Јункер.
„Таму каде постои волја, таму има и договор – го постигнавме! Тоа е фер и избалнасиран договор за ЕУ и Велика Британија што сведочи за нашата посветеност да се изнајде решение“, рече Јункер.
„Нашата рака секогаш треба да остане испружена, бидејќи Обединетото Кралство останува клучен партнер“, напиша Јункер. Тој оцени дека е крајно време да се доврши процесот на излегување на Британија и што побрзо да почнат преговорите за идното партнерство со ЕУ.
-Предлагам договорот да биде предложен на самитот на ЕУ, рече тој, пренесен од британските медиуми.
Дека има договор потврди и британскиот премиер Борис Џонсон .

„Имаме одличен нов договор“, напиша Џонсон на Твитер.
Двете страни работеа врз текстот на договорот, но и натаму ни е неопходна потврда од британскиот Парламент, но и од Европскиот Парламент, додаде Џонсон.
Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние на прес-конференцијата изјави дека има четири главни елементи во делот на договорот во врска со Северна Ирска:
-Британија ќе остане усогласена со ограничен пакет правила на ЕУ, односно стоката ќе се проверува при влез на островот, наместо на граница.
-Северна Ирска ќе остане на царинската територија на Велика Британија, која ќе има корист од идната трговска политика на Велика Британија. Но ќе остане и влезна точка на единствениот пазар
-Барние не кажа детали за тоа што е решено за ДДВ – клучна точка за постигнување договор за даноците – но тој вели: „Во овој момент, исто така, го задржавме интегритетот на единствениот пазар, но исто така гои задоволивме легитимните желби на Велика Британија”
-Четири години по спроведувањето на договорот, избраните претставници на Северна Ирска ќе можат да гласаат дали да ќе продолжат аранжманите или не
„Дискусиите во текот на изминатите денови на моменти беа тешки, но испорачани и испорачавме заедно. Она што навистина е важно (во Северна Ирска) е мирот, рече Барние.
Јункер упати писмо до претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, во кое го информирал дека преговарачите од ЕУ и Велика Британија постигнале согласност за ревидиран Договор за излегување на Велика Британија од ЕУ, како и за Политичката декларација.
Тој во писмото ги повика 27-те членки на ЕУ да го поддржат Договорот за Брегзит, постигнат утрово, наведувајќи дека е во нивни интерес да има уредено и пријателско излегување на Велика Британија од ЕУ.
„Вол стрит џорнал“ напиша дека, сепак, станува збор само за „груб нацрт“ од договорот за „разводот“ на Велика Британија од ЕУ, како и дека пред преговарачите има уште многу работа околу деталите за усогласување и минување на процедурите низ парламентите.
Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин изјави дека договорот на премиерот Борис Џонсон е „уште полош“ од оној на Тереза Меј, кој три пати беше одбиен од Парламентот и побара тој да биде отфрлен.
Лидерот на Шкотската националистичка партија Мајк Расел истакна дека Договорот е „посебно дестуктивен“ за Шкотска и треба да биде ставен на гласање пред шкотскиот народ, пренесе ДПА.
„Нема тука многу нешта за да се тврди дека е одличен „Договор за Брегзит“, напиша Расел на Твитер, кој воедно е и секретар на шкотската Влада.
„Сите договори за Брегзит и штетат на Шкотска, а овој е посебно деструктивен“, напиша Расел, јави ДПА.
„Доколку преживее (во британскиот Парламент) во сабота, демократијата бара тој да биде ставен пред шкотскиот Парламент и народ. Веројатно и од двајцата ќе биде одбиен“, додаде тој.
Жан Клод Јункер денеска, прашан што ќе се случи доколку Парламентот на Велика Британија го отфрли договорот, изјави: Нема да има натамошно пролонгирање. Ние постигнавме договор и нема аргументи за натамошно одложување.




