Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се бара компромис за одложување на одлуката за идната пролет

0
By Нова ТВ on October 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 17, 2019 23:58

Франција, Германија, Холандија и Данска се обидуваат да состават текст со компромис за отпочнување на ЕУ преговорите со С.Македонија и Албанија, со кој би се одложило носењето на одлука до април или мај следната година.

Идејата е Франција да презентира предлог за реформирање на процесот на проширување во јануари – информира европскиот дипломат.

Париз се противи на отворањето преговори со двете земји се додека целиот процес за пристапување не е реформиран.

Засега, нема договор за вметнување на датум во текстот. На софата седат Ангела Меркел, Емануел Макрон, Марк Рут и Мет Фредериксен, според информациите од друг дипломат.

– Ова е наша последна шанса, Чарлс Мишел (идниот претседател на Европскиот совет) се чини дека има слаб апетит за проширување – брифира дипломатски извор.

По опсежната дискусија меѓу лидерите за аспирациите на С.Македонија и Албанија да се придружат на ЕУ, Туск побара пауза, надевајќи се на договор за надминување на француското опирање на почетокот на преговори за двете балкански нации.

Непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот.

Макрон во врска со прашањето за давањето датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија, е единствениот кој засега најавува блокада. Тој во околу петминутното обраќање пред новинарите, не кажа ништо по ова прашање, но затоа се задржа подолго на постигнатиот договор за Брегзит.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.