НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Назначен е нов обвинител за случајот Тамара – предметот нема да трпи застој

0
By Менче Атанасова Точи on October 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство го назначи Анел Фидовски за нов обвинител кој ќе го води предметот за случајот Тамара, откако барањето на oбвинителката Наташа Гоџоска да биде изземена од предметот било прифатено. Од ОЈО за НОВА тврдат дека преметот ќе продолжи понатаму со ист интензитет и дека не станува збор за никакви притисоци, туку за приватна причина која се појавила како нов момент и може да го доведе во ризик целиот процес.

“Настанаа нови околности, се појави приватна причина поради која може да се побие целата постапка понатаму. Поради тоа обвинителката Гоџоска побара да биде изземена од предметот и сметаме дека постапи многу професионално за да не го доведе во ризик целиот процес“, велат за НОВА од службата за односи со јавност во ОЈО.

Од ОЈО не откриваат детали за што точно се работи но, велат дека новите околности може да сметаат на самата постапка поради што е прифатено барањето за изземање на обвинителката од предметот.

Откако на последното  рочиште не се појави обвинителката Наташа Гоџоска која од судот побарала да биде изземена  од предметот, а судењето беше одложено реагираа мајката на малата Тамара, Жаклина Димовска и Хелсиншкиот комитет.

„Ова е шок за мене, на половина судење се повлекува обвинителката. По втор пат ми го погребаа детето“, изјави за НОВА, Жаклина Димовска мајка на Тамара.

Реагираа и од Хелсиншки комитет за човекови права од каде сметаат дека развлекувањето на случајот Тамара  создава сомнеж за несовесно водење на постапката. Од Хелсиншки комитет најавија дека ќе поднесат официјално барање до ОЈО за да ги образложат причините за изземање на обвинителката.

„По вчерашното повторно одложување на рочиштето, овој пат поради поднесено барање за изземање на јавната обвинителка, како и поради неговото целокупно развлекување, се јавува сомнеж за несовесно водење на постапката која досега требаше да биде завршена. Затоа, го повикуваме Основното јавно обвинителство да ги образложи причините за изземање на обвинителката, за што Хелсиншкиот комитет ќе поднесе и официјално барање. Воедно напоменуваме дека правната сигурност може да се обезбеди само со утврдување на одговорност на сите чинители со цел задоволување на кривичната правда“, се вели во ракцијата.

Хелсиншкиот комитет, заедно со мајката на Тамара поднесоа кривична пријава за сторено кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353 од Кривичниот законик.

Од тогаш поминаа 5 години, а предметот се уште не е завршен. Од Хелсиншки реагираат и на долгото водење на предистражната постапка.

„Првото рочиште по овој предмет беше закажано дури во јуни 2018 година.  Од тогаш закажани се 19 рочишта, од кои дури 8 се одложени поради различни причини. Дополнително одолговлекување во текот на постапката настапи и поради пречекорување на рокот од 90 дена помеѓу одржување на две рочишта, во кој случај, согласно закон, главната расправа мора одново да почне и сите докази мора повторно да се изведат“, велат од Хелсиншки комитет.

Ова е првпат рочиште да биде одложено на барање на Обвинителството. Следното рочиште е закажано за 30 октомври.

За несовесно работење во службата обвинети се 12 лица – доктори и членови на првостепенета и второстепенета комисија кои го донеле и потврдиле негативното решение за лекување во странство на Тамара.

Обвинети се и двајцата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗО.  Тие се обвинети за несовесно работење во службата.

Деветгодишната Тамара Димовска почина на 9 февруари 2015 чекајќи операција на рбетот во странство.

Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, се наведува во обвинителниот акт, го донела првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска.

Комисијата, спротивно на Стручниот конзилиум на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, а по истекот на законски предвидениот рок донела мислење дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.