НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мета: Идејата за „Голема Албанија“ не е можна

0
By Нова ТВ on October 26, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот претседател Илир Мета за египетски весник „Ал – Ахрам“ изјави дека идејата за „Голема Албанија“ не е можна, додека проектот за „Голема Србија“ не успеа.

„Сите Албанци имаат заеднички проект. Тоа е обединување со Европа. Идејата за Голема Албанија не е ни најмалку можна. Проектот „Голема Србија“ не успеа. Живееме во заплеткан регион. На Балканот нема „етнички чисто“ место. Целосно лудо е да се зборуваме за експанзионистички проекти од овој аспект, рече Мета.

Мета, меѓудругото, се задржа и на процесот на еврионтеграција, нагласувајќи дека албанските граѓани имаат еден заеднички проект, а тоа е нивно обединување во големото семејство на Евопската унија. Додаде дека Европската унија сега не е во најдобра можна состојба, но оти реформите ќе помогнат во подобрување на процесот.

„ЕУ во моментов не е во најдобра можна состојба. Сепак, Европската унија е најдоброто претпријатие на човештвото, каде економскиот напредок се одвива паралелно со напредокот на човековите и граѓански права. Состојбата на ЕУ ќе се подобри по новите реформ, изјави Мета, пренесува тиранската телевизија Ора њуз.

Тој верува дека еден ден Западен Балкан ќе влезе во ЕУ и оти тоа е во интерес на самата ЕУ. Тој одговори и на прашањето за односите со Грција и Турција.

„Односите на Албанија со Грција се исклучително важни, ние бевме и ќе останеме соседи. И двете сме членки на НАТО. Имаме грчко малцинство во Албанија и има голем број Албанци кои живеат во Грција. Нашата врска со Турција, исто така, е историска. Имаме големи економски интереси и двете сме членки на НАТО. Но, би сакал да појаснам дека: За Албанија е важно проблемите меѓу другите земји да не влијаат врз нас. Не е должна Албанија да ја игра улогата на арбитер во конфликти и проблеми што се случуваат во други земји, рече Мета.

голема албанија Голема Србија Мета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.