Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски предлага вонреден Самит на земјите од Западен Балкан

0
By Нова ТВ on October 26, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 26, 2019 14:05

Македонскиот претседател Стево Пендаровски предлага во наредниот период да се одржи вонреден Самит на земјите од Западниот Балкан на кој „ќе се разговара за проширувањето и добрососедските односи и да ги отфрлиме алтернативите на проширувањето“.  Доколку има согласност,  Самитот би се одржал во Македонија.

Ваквиот предлог македонскиот претседатал го изнесе по средбата со албанскиот претседател Илир Мета во Тирана. Ова е прва средба на официјално ниво меѓу двете земји по одбивањето од страна на ЕУ да одреди датум за почеток на преговорите за Македонија и за Албанија.

Пендаровски рече дека со албанскиот претседател се согласиле дека како претседатели се должни да продолжат да ги охрабруваат сите политички партии во двете држави да продолжат со европската реформската агенда  и да ги убедуваат европските лидери дека преговорите со земјите во регионот се влог во стабилноста и просперитетот.

На новинарско прашање за одлуката на Брисел за недобивање на датум за преговори и за дилемите дали двете земји треба да се одвојат на тој пат, Пендаровски коментираше дека негов став е дека двете земји треба да ги почнат пристапните преговори кои траат доволно долго за двете земји да ги исполнат европските вредности.

„Ова е  казна за целиот регион. Сосема незаслужена“рече Пендаровски.

На средбата со Мета, македонскиот претседател предложил да се формира и неформална група на македонско – албанско пријателство.

„Дадов иницијатива да се формира неформална група на македонско – албанско пријателство во која ќе членуваат стопанственици, интелектуалци, луѓе од културата но пред се младите кои би се состанувале и би давале предлози за унапредување на соработката“ рече Пендаровски и додаде дека политички добрите односи треба да се рефлектираат и во економијата.

На средбата разговарале и за малцинствата кои живеат во двете земји.

 

Мета Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.