Високи и многу високи концентрации на канцерогените ПМ10 честички утрово се регистрирани во речиси сите места каде се поставени мерни станици. Најаларамантно утрово е во Tетово каде концентрацијата на ПМ10 честичките е 181, по што следуваат Миладиновци-178, Куманово-168, Битола и Ѓорче Петров-114, Центар-112, што е повеќе од двојно од дозволените 50 микрограми на кубен метар.
Високи концентрација има и во Гази Баба, Ректоратот (Мавровка), додека во општините Карпош и Лисиче, каде и лани концентрациите на штетните честички беа исклучително високи, како и во Кичево, Гостивар и Кавадарци мерните станици не работат.
Скопје завчера се најде на петтото место на градови со најзагаден воздух, со 158 микрограми на кубен метар од ситните ПМ 10 честички, а во претходнииот ден полека почна да го зазема приматот и беше на десеттото место.
Владата најави иницијатива каде ќе бидат вклучени сите инспекциски органи, полицијата и сите други служби за да го монитирорираат јавниот простор.
Истражување: Главни причини за загадувањето се транспортот, греењето и отпадот