Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Главни причини за загадувањето се транспортот, греењето и отпадот

0
By Нова ТВ on February 3, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: О2 Коалиција за чист воздух
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 3, 2019 19:17

Најмногу од граѓаните или 31 отсто како главна причина за загадувањето на воздухот го сметаат транспортот. На второ место е греењето што го посочија  25 отсто од испитаниците, а натаму следуваат отпадот (22,5 отсто), индустријата (13,6 отсто) и градежништвото (7,1 отсто). Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на јавно мислење спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС). Вкупно 18,3 отсто од испитаниците на прашањето „кои се главните причини за загадување на воздухот во вашето населено место“, рекле дека „нема загадување“.

Резултатите од истражувањето беа презентирани во емисијата „Детектор“ на телевизија „Сител“ во која за аерозагадувањето зборуваше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, кој посочи повеќе мерки од планот за справување со аерозагадувањето.

Макрадули истакна дека очекува драстично намалување на штетните емисии во воздухот „со новата стратешка програма за намалување на загадувањето, со замената на печки во 1.000 домаќинства, во поврзување на неколку илјади станови на централното парно греење и со други мерки како зголемено раззеленување со автохтони садници“.

На прашањето „дали сметате дека Македонија има соодветен пристап за справување со загадувањето“ – 58,7 отсто од испитаниците одговориле „не“, 26,7 отсто „да“ и 14,7 проценти „не знам“.

За половина од испитаниците или 51,7 проценти квалитетот на воздухот споредено со минатата година останува ист, наспроти 28,2 отсто кои сметаат дека се влошува и 16,3 од анкетираните кои сметаат дека се подобрува.

Истражувањето на тема „Загадување на воздухот“ е спроведено од ИПИС, во периодот помеѓу 8 и 13 јануари 2019 година на 1091 полнолетен испитаник на ниво на целата земја, со користење на случаен примерок, стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението.

воздух Загадување истражување мерки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.