Советникот за Русија и Европа на американскиот претседател,Тим Морисон, поднесе оставка во пресрет на сведочењето пред американскиот Конгрес во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп.
Морисон, кој е претставник на американскиот Совет за национална безбедност, „одлучи да се сврти кон други можности“, наведе неименуван висок претставник на администрацијата, пренесоа американските медиуми.
Тој додаде дека Морисон „веќе некое време размислувал за напуштање на администрацијата“.
Морисон в четврток треба да сведочи во Претставничкиот дом на Конгресот. Тој е еден од функционерите кои присуствувале на телефонскиот разговор на Трамп со претседателот на Украина во јули годинава.
Белата куќа издаде наредба никој од администрацијата да не сведочи во Конгресот. Но Конгресот, сведоците од администрацијата ги обезбедува преку издавање на официјални покани кои се обврзувачки за повиканите. Во спротивно се предвудува одговорност.
Рикер сведочи во истрагата на Конгресот за импичмент на Трамп




