Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рикер сведочи во истрагата на Конгресот за импичмент на Трамп

0
By Нова ТВ on October 26, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 26, 2019 22:09

Помошник – државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер, како висок функционер на Стејт департментот денеска сведочеше во Конгресот во истрагата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп.

Рикер, кој го предводи тимот на дипломати специјализирани за европски прашања, е најновиот во редот функционери од администрацијата на Трамп, кој сведочи зад затворени врати и покрај уредбата на Белата куќа дека ниту еден вработен во Владата нема да соработува. Но Рикер мора да се појави на сведочењето, бидејќи Конгресот му испрати официјална покана, која тој како функционер не смее да ја одбие и е обврзан да ја почитува.

Како што објавува весникот „Вашингтон пост“ Рикер во Конгресот дошол денеска претпладне заедно со својот личен адвокат. Од него, според информациите на весникот, може да се очекува не толку обемна изјава, која сепак ќе има суштински информации за обидите да се изврши притисок врз украинските функционери да спроведат истрга за синот на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, Хантер пред претседателските избори во 2020 година, на кои Бајден најави дека ќе се кандидира од редот на Демократската партија контра Трамп.

Рикер го води бирото надлежно и за Украина

Во март, Рикер беше избран за вршител на должноста помошник на државниот секретар задолжен за Европа и Евроазија. Како шеф на бирото под кое спаѓа и Украина, Рикер беше формално е задолжен и за политиката на оваа земја, иако според претходните сведочења за истрагата, реално, на терен политиката ја водеа политички назначени лица и Рудолф Џулијани, личниот адвокат на Трамп.

Како и со другите дипломати кои сведочеа пред него, и сведоштвото на Рикер ќе биде тешко да се дискредитира. Тој е службеник од кариерата, дипломат, со репутација на аполитичен, вреден и професионален. За него колегите велат дека е лидер кој е пример за помладите службеници за надворешни работи.

Тој во Стејт департментот е од 1992 година. Како дипломат работеше во Унгарија и во Македонија-прво како офицер за  односи со јавност во времето на амбасадорот Кристофер Хил, а потоа и како амбасадор. Работел и како генерален конзул во Милано. Во меѓувреме, тој беше и на позиции како заменик портпарол на Стејт департментот за време на државната секретарка Медлин Олбрајт во администрацијата на Клинтон, а потоа и на државниот секретар Колин Пауел во администрацијата на Џорџ Буш. За својата работа има добиено бројни признанија од Стејт департментот.

Но, она што весникот посебно го истакнува во овој дел, е дека тој потекнува од школата за професионалци на амбасадорката Мари Јованович, која неодамна беше отповикана од функцијата амбасадор во Украина.

Случајот „Јованович“

Искусната дипломатка, која беше на чело на амбасадите во Ерменија, Киргистан и во Украина, не го заврши мандатот во Киев откако во мај беше вратена во Вашингтон поради тоа што сојузниците на Трамп ја обвинија за нелојалност и нечесност.

Мари Јованович

Таа се најде на мета на напади дека на украинскиот обвинител му дала список на имиња кои не треба да ги истражува, поради што соработниците на Трамп побараа таа да биде сменета, обвинувајќи ја дека го критикувала претседателот пред странски функционери. Токму Џулијани тврдеше дека таа ги блокирала напорите Украинците да го истражат Бајден.

Трамп неа во разговорот со Зеленски ја нарекол „проблематична“ и кажал дека „таа ќе мине низ одредени нешта“.

Џорџ Кент, заменик на Рикер пред Јованович да биде разрешена, испратил и-меил до колегите во кој напишал дека Јованович е жртва на „класична кампања за дезинформација“. Рикер пак ги известил Дејвид Хејл, третиот највисок по ранг службеник во Стејт департментот и Улрих Бречбухл, најблизок доверлив и долгогодишен пријател на државниот секретар Мајк Помпео. Нивните пораки биле доставени на истражителите.

Тие се надеваат дека Рикер можеби ќе открие дали неговите поплаки стигнале до Помпео и ако стигнале, како тој реагирал на тоа. Помпео се соочува со огромни критики внатре во Стејт департментот дека не сторил доволно за јавно да ја одбрани Јованович.

Јованович на 11 октомври сведочеше во истрагата за Трамп, при што кажала дека Трамп една година вршел притисок врз Стејт департментот за да биде отповикана од должноста во Киев, што се случило во мај годинава, како и дека тогаш ѝ било кажано дека претседателот ја загубил довербата во неа. Тврдела дека е повлечена поради „неосновани и лажни тврдења на лица со очигледни проблематични мотиви“, пренесе тогаш исто така Вашингтон пост, кој имал увид во нејзиниот однапред подготвен исказ.

Трамп од 25 септември се наоѓа под истрага за можен импичмент во Претставничкиот дом на Конгресот, во кој мнозинството го имаат демократите, заради злоупотреба на функцијата со тоа што го условувал украинскиот претседател Зеленски да отвори истрага за синот на Бајден, во телефонски разговор што го откри свиркач. Белата куќа го објави транскриптот од разговорот. Свиркачот најави дека ќе сведочи.

Трамп истрагата ја спореди со линч и смета дека Сенатот, во кој мнозинство имаат републиканците, ќе го ослободи од одговорноста, доколку Претставничкиот дом првично го изгласа отповикувањето.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.