Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови на земјата со услови за локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од пет до 12 степени, а максималната од 13 до 19 степени. Во Скопје слично време, со температура од 10 до 19 степени.
В понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд што во западните делови ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минимална температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната температура од 15 до 19 степени.
Од вторник ќе има пораст на дневната температура. Во вторник и среда ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од три до 11 степени, а дневната од 17 до 23 степени.