НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сасоли: Немојте да жалите што сменивте уставното име-тоа ќе ви помогне да станете членка на НАТО и ЕУ

0
By Нова ТВ on November 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„На Европскиот совет не беше кажано „не“ за да почнете процес на преговори, туку дека ова прашање повторно ќе биде ставено на разгледување. Треба да и објасниме на јавноста дека не се работи за „не“, ниту за историска грешка. Јас претпочитам да кажам дека се работи за еден историски застој, за да се навратиме пак и овој процес на преговори да почне што е можно побрзо. Имаме заедничка иднина, да ја напишеме заедно“, рече претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли од македонското Собрание каде имаше свое обраќање.

„Направивте голем напор дури и го сменивте уставното име, но немојте да жалите поради тоа. Тоа беше многу важна работа со која треба да се гордеете и што треба да ја покаже  вашата храброст, и што ќе ви овозможи не само да барате преговори и членство, туку и да пристапите кон евроатлантските сојузи и тие два момента ќе бидат многу важни за вашата иднина. Ова е одлучувачки чекор што им покажа на европските иституции дека сте подготвени за заеднички пат со нас. Тоа е сигнал што треба да го пренесете на јавното мислење и сакам да заблагодарам во оваа сала, до медиумите, бидејќи видов толкава страст како во Брисел така и овде во овие два дена, дека не смееме да застанеме и сите да се заложиме. Забелешките што беа кажани од малку држави сигурен сум дека ќе успееме дефинитивно да ги замолкнеме и да ги расчистиме проблемите што се појавија, рече Сасоли.

Рече дека вчера на средбата со премиерот Зоран Заев разговарале за тоа  дека блокадата што се случи во Брисел е еден мал застој, еден преоден момент и дека постојат голем број европски институции, Европскиот Парламент, Европската Комисија, Европскиот совет, кои се убедени дека процесот на преговори треба да почне што е можно поскоро.

Свесни сме и убедени,  дека Северна Македонија треба побрзо да го почне и да го заврши процесот на пристапување кон ЕУ, кажа Сасоли.

„Се разбира сфаќаме дека и ЕУ треба да го направи својот дел од работата и земјите кои се заинтересирани за влез да продолжат по својот пат. Преговорите ќе бидат момент што само ќе го зајакне процесот на реформи, за кои Северна Македонија има потреба да ги заврши. Утрово ми остави голем впечаток состанокот со политичките партии во Парламентот и сфатив дека во плурализмот на мислењата слушнав едно заедништво, еден заедничко чувство за процесот на преговори да почне. Да слушнам од нив дека Европа е нивната иднина, тоа е позитивен сигнал и да им кажеме дека овој пат повторно ќе продолжи и затоа имаме потреба од вас од вашиот ентузијазам, од вашата желба за слобода и демократија, за учество во создавањето на иднината на ЕУ“, рече тој.

 

парламент Сасоли
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.