Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје, „диши длабоко“!

0
By Влатко Чаловски on December 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 16, 2013 16:54


Според најновите податоци на Министерството за животна средина, Скопје и Тетово се најзагадените градови. Граѓаните веќе шест дена по ред се гушат поради загаденоста во Скопје која е над дозволеното. Град Скопје излезе со препораки и мерки од прв степен, но граѓаните велат во практика тие се невозможни. Отворање на прозорците во домовите барем на кратко е потреба, а излегувањето на улица неизбежно. Скопјани стравуваат по здравјето, а некои од нив, решението го гледаат во работата на политичарите, и итно повикуваат на конкретни мерки од нивна страна.

Постарите стравуваат за помладите во семејството, но велат, тие мора да излезат поради секојдневните потреби, а сепак стравуваат за своето здравје.

„Вдишувањето на загаден воздух влијае неповолно на здравјето на луѓето, и тоа на сите возрасни популации. Најмногу штетни последици можеме да очекуваме кај младите, и кај постарите кои се соочуваат со повеќе од една болест“, вели за НОВА, пулмологот Др. Деска Димитриевска.

Според Димитриевска, несаканото дејство може да се одрази на два начина, акутно, кое се чувствува веднаш, и последователно, односно со хронично заболување.

-Првите симптоми кои што луѓето ги чувствуваат се различни нелагодности, односно печење, жарење, чувство на тешкотии при дишењето, кашлица, солзење на очите…а може да настане и акутно воспаление на дишните патишта, бронхити, дури и до воспаление на белите дробови, вели Др. Димитриевска.

Таа предупредува дека маските не се правиот механизам за заштите од загаден воздух, а таквите имрпвизации се непопуларни мерки.

Она што е најзагрижувачко сепак, е што за поголемиот дел од државата нема податоци за состојбата со загадувањето на воздухот, бидејќи мерните станици не работат, а има многу места на кои што и воошто ги нема.

Нелвадините остро реагираа, а организациите „Гоу Грин“ и „Млади за љубов“ ги повикуваат граѓаните на протести со гас-маски утре во 12 часот пред котларата во Клиничкиот центар, сметајќи дека таа е еден од најголемите загадувачи во центарот на Скопје.

На денешната седница на Собранието, реагираа и пратениците на СДСМ. Според пратеникот Јани Макрадули врв на лицемерието е изјавата на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски дека за почист воздух потребно е Скопје да се гасифицира, потсетувајќи дека токму тој се откажа од гасификацијата.

Решението е далеку од видливо, засега никој не посочува кој се главните причинители за ситуацијата со нарушениот квалитет на воздухот во град Скопје, што остава простор за шпекулации.

Она што граѓаните го бараат е директно вмешување на институциите задолжени за мерилото на загаденост и механизмите за превенција и надминување на проблемот, а дотогаш „гушењето“ во главниот град останува единствена опција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.