Претседателот на Европскиот Совет во заминување Доналд Туск е единствен кандидат за претседател на најголемата полтичка групација во Европа, Европската народна партија. Според најавите, Доналд Туск ќе биде избран на оваа функација со акламација на престојниот Конгрес на Европската народна партија што ќе се одржи в среда во Загреб.
За едно од потпретседателските места на Европската народна партија се очекува да биде избран комесарот за проширување во заминување, Јоханес Хан.
Обајцата, Туск и Хан се познати како силни поддржувачи на процесот на проширувањето кои за време и пред одржувањто на октомвриската сесија на Европскиот Совет гласно се залагаа за одобрување за старт на преговори за членство за Македонија и Албанија.
Доналд Туск на оваа функција ќе го замени, францускиот конзервативен полтичар Јозеф Дол за време на чиј мандат како претседател, Европската народна партија беше изложена на критики поради порастот на влијанието на авторитарните тенденции во некои од членките на ова полтичко семејство, како што се унгарскиот Фидеш на Виктор Орбан и полската владеачка партија на Право и Правда . Овие критики резултираа со сузпензија на членствто во ЕНП на унгарскиот Фидеш, а на остра критика беше изложена и македонската опозициска ВМРО ДПМНЕ.
Со оглед на пролибералната ориентација на Доналд Туск, се очекува да биде намален маневарскиот простор на илибералните тендеции во членките на ова европско политичко семејство.
Инаку, една од темите на Конгресот на Европската народна партија кој ќе се одржи в среда во Загреб ќе биде и процесот на проширувањето на ЕУ кон Западиот Балкан.
При последниот јавен настап како претседател на Европскиот Совет, пред студентите на Европскиот колеџ во Бриж, Доналд Туск остро ги критикуваше ставовите на францускиот претседател Макрон.




