НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расте списокот на државни тајни – и борбата со корупцијата стана класифицирана

0
By Сашка Цветковска on December 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Освен податоците за трошењата на парите на граѓаните во медиумски кампањи, во списокот „државни тајни“ по се изгледа влегува и борбата против корупцијата. Министерството за правда одбило да ја им достави информацијата за тоа како тече процесот на самооценка за спроведување на Конвенцијата на ОН против Корупција во земјава на Транспарентност Интернешнл – Македонија правдајќи се дека излегувањето на оваа информација во јавноста ќе предизвика штета по угледот на земјата дома и надвор.

Невладината организација поднела жалба до Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации, но и од таму биле одбиени. Имено,комисијата се сложила со ставот на министерството за правда дека обелоденувањето на оваа информација навистина ќе и нанесе штета на земјата.

Од Транспарентност Интернешнл се жалат дека оваа навидум банална информација без проблеми ја побарале и добиле дури и нивните руски колеги од руските институции. Најголемата забелешка е на адреса на комисијата која ја обвинуваат за аминување на нетранспарентноста на институциите.

-Дополнително Комисијата дава легитимитет на забраната за било какво коментирање или доведување во прашање на антикорупциските активности на власта: „Активностите и мерките што се превземаат во однос на борбата против корупцијата несмеат во домашната и меѓунардната јавност да бидат доведени во прашање, бидејќи тоа би можело да влијае врз севкупната оценка за нашата земја во напорите за ЕУ и НАТО интеграција и етаблирањето на Република Македонија како држава во која се почитуваат законите и владеењето на правото.“ (цитат од Решението).

-Без да прејудуцираме било каква подоцнежна одлука на надлежен орган Транспаренси Интернешнел Македонија смета дека со ова решение Комисијата се претвора во сопствен антипод, односно во Комисија која забранува транспарентност и пристап до официјални информации кои се од значење за граѓаните), објаснуваат од Транспарентност Интернешнл во својата реакција.



Процесот на самооценка на земјата за спроведување на Конвенцијата на ОН против Корупција започна во Мај, 2012 година, а требаше да заврши до крајот на истата година. Овој процес требаше да отвори можност за отворање на поширок национален дијалог за антикорупциските политики и програми и стимулирање на реформи за спречување на корупција. Во него треба да се вклучени претставници на институции, антикорупциската комисија, невладниот сектор и приватниот сектор. Засега нема информации ниту до каде е процесот, ниту пак кој се е вклучен во него. Транспарентност Интернешнл – Македонија барале одговор на прашањата до каде се стигнати, каква е методологијата и кои невладини организации се вклучени.

На стартот на процесот претставниците на ООН во земјава велеа дека со тоа што РМ се согласила да ја имплементира методологијата за самооценка, земјата се обврзала да постигне повисоки стандарди. Во пракса, ова значи дека земјата сигнализира политичка волја и отвореност како и обврска да создаде поголеми можности за вклучување на граѓанското општество и градење на доверба.

Ова не е прв пат информациите од јавен карактер да се третираат како државни тајни со намера да не стигнат до јавноста. Парите потрошени од страна на владата за рекламирање, документи за загадувачите во земјава, договорот со концесионерот на аеородроми ТАВ и слично, не се даваат во јавноста и се третираат како класифицирани информации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.