НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полициски инспектори влегоа во фирма на Орце Камчев

0
By Нова ТВ on December 5, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: civilmedia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фирмата „Монт“, поврзана со сведокот во случајот „Рекет“, Орце Камчев, од утрово е мета на истражните органи. Ден пред најавеното утрешно негово сведочење во постапката против Бојан Јовановски и Катица Јанева, полициски инспектори „чешлаат“ документација и во уште две фирми за долг од 400.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ за финансирање на кампањата за последните претседателски избори.

Според сознанија на Нова ТВ, фирмите биле ангажирани за печатење на пропаганден политички материјал. Извори од истрагата ни потврдија дека акцијата е во тек и дека МВР и ОЈО се во постојана координација.

Инаку, на средината на септември, портпаролот на владеачката СДСМ, Костадин Костадинов, на прес-конференција, јавно побара одговор од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на неколку прашања меѓу кои и „дали Орце Камчев е финансиер на изборна кампања на најголемата опозициска партија“.

„Што е тоа што Мицкоски не сака да се дознае во јавноста за случајот „Рекет“? – Наместо да шири лажни вести, тој е должен да излезе пред јавноста и да одговори: Дали Орце Камчев, тајкун излезен од режимот на ВМРО-ДПМНЕ и обвинет во предмети на СЈО, е финансиер на изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ? – Дали станува збор за изборната кампања за последните претседателски избори? – Дали знае да одговори Мицкоски колку тоа го чинело Камчев односно неговите фирми финансирањето на изборната кампањата? Одговор може да даде и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев како потписник на сметката на партијата“, изјави во таа прилика Костадинов.

Според податоци од Државниот завод за ревизија, најголемата опозициска партија во септември ја затворила сметката со неплатени 442.000 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.