Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловска до граѓаните: Проверувајте ги трансакциските, почна повратот на МојДДВ

0
By Нова ТВ on December 6, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 6, 2019 14:19

На сметките на 16.600 граѓани веќе легнаа околу 21 милион денари средствата од мерката МојДДВ, соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

„Исплатите се започнати. Пристигнуваат и во трезорот во Министерството за финансии. Најнов податок е дека 16.600 лица веќе добија средства на своите сметки или вкупно се вратени околу 21 милион денари кај граѓаните. Исплатата продолжува постојано, податовите пристигнуваат и се обработуваат“, изјави министерката Ангеловска.

Таа додаде дека исплатата на повратот на ДДВ од скенираните сметки започна денеска и ќе се извршува непречено во претстојните денови, се додека не се исплатат сите граѓани кои оствариле право на поврат во првото тримесечје, во износ од околу три милиони евра.

Фото: ujp.gov.mk

Ангеловска апелира до сите граѓани да ги проверат трансакциските сметки кои ги внеле за поврат на ДДВ, бидејќи и претстојните денови ќе продолжи повратот на средствата. Министерката посочи дека над 180.000 граѓани секој месец во просек скенираат фискални сметки и дека за овие пет месеци се скенирани над 40 милиони фискални сметки, односно околу 8 милиони сметки месечно.

Според податоците што ги презентира, најмногу се скенира во скопските општини Аеродром, Кисела Вода, Центар и Карпош, и во Битола и Штип во однос на најголемата застапеност на граѓани во тие општини во кои скенираат фискални сметки. Таа потенцира дека од 15 декември започнува МојДДВ #МојаНаграда како мотив плус за граѓаните да скенираат фискални сметки и со тоа да придонесат во борбата против сивата економија.

МојДДВ Нина Ангеловска Поврат Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.