НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев по Нова година нема да биде премиер, туку политичар

0
By Нова ТВ on December 10, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наум Котевски

Премиерот Зоран Заев според договореното на лидерската средба кај претседателот, Стево Пендаровски, на 3 јануари ќе се повлече од премиерската функција, а Северна Македонија ќе добие техничка Влада, тврдат високи извори од Владата по шпекулациите кои деновиве се појавија во јавноста дека изборите закажани за 12 април може да се одложат. По Нова година, велат тие, Заев ќе биде политичар, a не премиер.

Брзо по повлекувањето, според информациите, планирано е Заев во својство на лидер на СДСМ да има средба во Софија со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на која би требало да се отвори и прашањето околу недоразбирањата во мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања која на последните состаноци оствари напредок само во делот на средновековната историја, додека ставовите по однос делото на Гоце Делчев остануваат дијаметрално спротивставени.

„Ќерката на премиерот студира во Софија. Тој по новогодишните празници планира да ја посети, а наедно посетата да ја искористи и за средба со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов“, велат извори од Владата.

Сепак разврската на проблемот околу Делчев, ако воопшто може да биде решен, ќе се остави за периодот по изборите, бидејќи, според проценките, не е добро тоа чувствително прашање да биде тема која би се злоупотребила од одредени политички субјекти и со која би се окупирал предизборниот период. Неодамна претседателот Пендаровски изјави дека не е сигурен дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април. Таа изјава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја протолкува како ставање на шефот на државата во улога на портпарол на СДСМ.

„Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, ќе ја втурнат државата во нова политичка криза“, рече Мицкоски, кој тврди дека друга алтернатива. Притоа нагласи дека доколку дојде до вакво одложување, тогаш тие не се сигурни дека во иднина ќе соработуваат со претседателот.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи вчера во емисија на ТВ21 исто така ја коментираше изјавата на претседателот Пендаровски во која вели дека не е убеден дека изборите ќе се одржат на 12 април.

„Пендаровски не носи одлука за одложување на изборите. Тој е само модератор. Претседателот и сам кажа дека тој не одлучува, туку тоа е одлука на политичките партии, истите кои донесоа одлука за оддржување на изборите на 12 април. Засега, нема никакви индиции за одложување на изборите“, рече Османи.

Зоран Заев премиер Функција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.