НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како да се ослободи судството од „сваровски“ судиите

0
By Нова ТВ on December 16, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Надлежните институции се подготвени да одговорат на повикот на премиерот Зоран Заев да се испита имотот на судиите и обвинителите, во насока на расчистување со, како што самиот вели, последниот бастион на заробената држава, како што не така одамна нè окарактеризира и Европската комисија во своите извештаи. Повикот на Заев во суштина не е негов личен – тоа, практично, е пискот на целото општество.

Заев ги повика Антикорупциска комисија, Управата за јавни приходи (УЈП), Финансиската полиција, Централниот регистар, МВР веднаш да почнат со проверки на имотот, капиталот, парите на судиите и обвинителите и нивните семејства. На дел од нив сигурно нема да им биде лесно да ги правдаат своите луксузни, станови, куќи, автомобили, огромни банкарски сметки. Иако на сите ни е совршено јасно дека така снаодливи во правните лавиринти и законските празнини и недоречености ќе посегнат по разно-разни маневри за вадење од калта – од тоа дека земале позајмици од членови на семејствата, до тоа дека тие пари биле и свадбен подарок. После се што слушнавме во „бомбите“, тука веќе ништо не може да нè изненади.

Правните експерти кои ги консултиравме не се убедени дека проверката на имотната состојба ќе доведе до спас од „сваровски“ судиите, без оглед што самиот термин асоцира на поткупливост.

„Проблемот е што системот на корупција, во својата суштина, кај нас не е таков да сите во меѓувреме се стекнале со незаконски имот. Нека се направи сопственичкиот ветинг, но мора да се води сметка за приоритетите кои се различни од држава во држава. На крајот може да бидеме соочени со тотално разочарување, со главно поткрепена сопственост. Некој и што крадел сигурно не купил куќа ти да му ја најдеш. Тоа се кешови кои не можат да ги следат“, вели за Нова ТВ, деканот на Правниот факултет на ФОН, Љубомир Фрчкоски.

Тој е убеден дека кај нас имотниот ветинг нема да донесе никаков резултат.

„Дури и на оние кои знаеме дека се компромитирани – „сваровски“ судиите – нема ништо да им најдат. Потпишувам со две раце. Тие се партиски инфицирани послушници. Кај нив проблемот е нестручноста и несовесноста во работата. Тие треба да се сменат по друга основа. Ако сакаме успех мора да се имаат предвид приоритетите. Како прв приоритет на листата треба да биде токму тоа – партизираноста, беспоговорното извршување на партиските директиви и исполнување на партиските интереси, па потоа имотната корупција. Мора да се воспостават соодветни методи како да се опфатат најважните приоритети. Само на тој начин ќе бидат фатени во тесно нашите криминални судии. Дизајнот на ветингот треба да биде така конструиран што силно ќе притисне во суштината на проблемот кој го разорува нашиот систем. Во спротивно ќе дојде до страшно разочарување кое носи и лош политички ефект. Зборувате за ветингот, правите конференции, барате помош од меѓународната заедница и на крај ништо од сето тоа“, нагласува Фрчкоски.

Институциите, пак, се на готовс. Не размислуваат околу редоследот на приоритетите кои треба да ги содржи ветингот. Подготвени се за проверка на имотот. Државната Антикорпциска комисија веќе пресече со годишниот план за 2020 година, според кој најави дека ќе го чешла имотот на судиите, обвинителите и нивните семејства.

„Согласно утврдените ризици во споменатата анализа, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб (судиите и јавните обвинители) ќе бидат дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година“, рекоа од Антикорупциска.

Годишен план значи поширок опфат, но кога точно ќе започне процесот во Антикорупциска?

„Ние ќе почнеме веднаш, на почетокот на идната година, но не е исклучено тој процес да стартува уште побрзо кон крајот на оваа година“, вели во изјава за НоваТв, шефицата на Антикорупциска, Билјана Ивановска.

Антикорупционерите моментно работат на изготвување на методологијата на работа, односно на јасно прецизирање на критериумите според кој ќе се одвива процесот.

„Списокот на судии и обвинители кои ќе бидат под лупа не е завршен. Имаме шестотини судии за кои не може истовремено да се направи проверката. Поцелисходно би било процесот да започне со поекспонираните судии, а за подоцна да бидат оставени оние, да речеме, од помалите места. Но, велам за сето тоа треба да се договориме на наредните состаноци на Антикорупциска“, појаснува Ивановска.

Финансиската полиција, според информациите, веќе води процес против неколку судии за кои постои сомнеж дека нивното богатство не соодветствува со паричниот надомест кој го добивале од буџетот за извршување на својата важна општествена функција.

„Како институција ние реагираме по допрен глас или по пријава дека одреден судија или обвинител, во конретниот случај, незаконски постапил. Обврската сериозно ја сфаќаме. Ние како институција ќе бидеме во постојана комуникација со Антикорупциската комисија и останатите надлежни институции бидејќи овој сериозен процес бара нивна синхронизираност“, вели за Нова Тв, директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми.

Премиерот Заев пред еден месец на граѓанска трибина во состав на кампањата „На прав пат“ што кулминира вчера во Скопје рече дека „потребен е целосен ветинг во судството“. Речиси паралелно и претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев ја истакна потребата од ветинг во судството за да се отстранат сите сомнежи за чесноста на судиите.

„Создадовме соодветен амбиент, донесовме закони, секој обвинител и судија да работи независно. Еве денеска имаме специјални обвинители во затвори, затоа што законот важи еднакво за сите, што беше мисловна именка пред две години. Но, слободата, не дозволува да застаруваат предметите ниту да нема одговорност. Баравме целосен реизбор во судството, но не дозволи Европа затоа што секој треба поединечно да одговара, а сме немале ресурси од каде да го надоместиме тој дел од правосудството. Еве овде кажувам тоа што веќе беше јавно објавено: целосен ветинг во прасудството ќе има, и во судството и во обвинителството“, рече Заев.

Сега премиерот помалку ретира во својот став и вели дека во моментот неопходна е проверка на потеклото на имотот, иако тоа е само една компонента од ветингот. Тоа веројатно се должи и на итноста на проблемот и немање доволно време да се направи целосната конструкција за спроведување на ветингот до планираните предвремени парламентарни избори. Тој во суштина претставува исклучително сложена операција, која освен проценка на имотот содржи тест на интегритет, проверка на вмешаност во криминал, професионален капацитет, поврзаност со политички структури. Сето тоа, како, да речеме, во Албанија, бара формирање посебни тела и Комисии во соработка со меѓународните партнери.

Фото: politika.com.al

Една од главните ветинг-ѕвезди во Албанија беше Адмир Танза, тогашен член на албанскиот Врховен суд. Сликата како стои со солзи во очите, обидувајќи се да ја објасни пресудата за кражба која некогаш му била изречена во Италија беше бргу пренесена. Тој тврдеше дека ја презел одговорноста за злосторство за да ја заштити снаата, мајка на деветгодишниот внук, која била на лечење во тоа време во Италија. Танза се соочи со независната квалификациска комисија која работеше на процена на судиите и обвинителите во албанскиот правосуден систем. На крајот, како што беше пренесено, беше разрешен од должност бидејќи не успеа да се одбрани од обвинението кое во Италија беше покренато против него, односно да ги демантира пријавените врски со криминалци, како и да го оправда имотот за кој немал финансиско покритие.

Ништо помалку интересен не беше и претседателот на Уставниот суд на Албанија, Башким Дедја, кој е разрешен од функцијата откако не можеше да го објасни потеклото на својот имот. Проблем му направи купувањето стан со површина од 98 квадратни метри во 1997 година. Тој изјавил дека го купил заедно со својот брат, но, при контрола од комисијата, ниту еден од нив немал доволен приход кој го оправдувал ова купување.

Ветингот е скап процес. Тој во 2018 година ја чинел Албанија 7,9 милиони евра, додека во 2019 година трошоците изнесуваат 6,3 милиони евра. Албанија ја спроведува оваа операција уште од 2015 година, и истата ќе мора да заврши во 2024 година.

На линија на Зеав, кој во интервју за Нова ТВ побара помош од Европската унија во вид на мониторинг на процесот на прочистување на правосудниоот систем, е и евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој по денешната посета на Уставниот суд рече дека „ситуацијата во правосудството не е така лоша“ и дека „има други начини правосудството да се подобри, пред сѐ, од внатре“ и затоа не гледа потреба за ветинг на судии и обвинители во моментот.

„Нашата позиција за ветингот е јасна. Мислам дека ние преферираме да се користат сите други елементи за да се подобри правосудството, кое на крајот на денот и не е во така лоша ситуација во земјата. Има многу начини да се подобри правосудството, пред сѐ, од внатре. Правосудството треба да се саморегулира. Секако, ние можеме да дадеме поддршка еден од проектите е следење на случаите на висока корупција во судовите и тоа ќе го правиме следната година и мислам дека тоа ќе помогне да се подобри ситуацијата. Ветингот секогаш е последната опција и за тоа треба да се исполнат извесни услови, како консензус на сите политички актери. На ветингот гледаме како последно прибежиште и во моментот не гледаме потреба за тоа. Сепак одлуката секогаш е на земјата“, изјави Жбогар по средбата со претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати.

ветинг Љубомир Фрчкоски судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.