Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Починатите бегалци и мигранти во „дупката“ на институционалната негрижа

0
By Менче Атанасова Точи on December 19, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 19, 2019 15:06

Оние бегалци и мигранти кои што загинале по патиштата во нашата држава, бегајќи од војна или глад, не може да бидат погребани поради некоординираност на институциите на системот и ваквите предмети со месеци собираат прашина во фиоките. Поради ваквите случаи, минатата година Македонија беше посочена како земја која ги прекршува човековите права

Трагедиите, бегалците и мигрантите не ги одминуваат ниту после смртта. Оние што загинале по патиштата, бегајќи од војна или глад, не може да бидат погребани поради некоординираност на институциите на системот. И кога по повеќе месеци институционална негрижа и префрлање на одговорноста едни на други, како најчеста причина за изгубеното време се наведува дека нема кој да ги идентификува нивните тела.

А, на рутата по која се движат за да избегаат од војна или сиромаштија, за да стигнат до подобар живот во некоја од западните земји, се случуваат многу несреќи. Загинуваат во сообраќајни несреќи, во бродоломи, изложени се на напади на криминалци, криумчари.

Таков е случајот 15 годишно момче од Авганистан, (за кое се претпоставува дека се вика Аммери Заиуллах), а чие тело веќе три месеци стои во  капелата на АД Бутел и не може да биде погребано. Малолетникот починал на КАРИЛ на 12 октомври како последица од струен удар, по што била извршена обдукција.

Според полицискиот извештај момчето било качено на покривот на товарен воз во Гевгелија и не го разбрал предупредувањето и гестикулацијата на полицајците за да се симне бидејќи има силен напон на струја. Тешките повреди и изгореници биле фатални по неговиот живот.  Овој случај завршил во Обвинителство за организиран криминал(не е познато од која причина) од каде се чека да заврши процедурата  за идентификација и да даде дозвола да се изврши погребот.

Во Бутел, во капелата скоро два месеца се наоѓа и тело на бегалец од Сирија кој загинал од струен удар од воз, во моментот кога бегал од локални жители кои сакале да го ограбат. Обдукција била направена на 1 ноември, на барање на КАРИЛ.

Ова е тоа, што НОВА во дозна во потрага да се најде проблемот зошто толку време телата на овие двајца млади, не може да бидат погребани. Освен тоа што телата треба да се идентификуваат, (а проблем е што нема кој од семејствата да дојде зашто или се останати во воените региони или се по патиштата), очигледен е и недостастатокот на соработка меѓу институциите и ваквите предмети со месеци собираат прашина во фиоките.

Така е и во случајот со ОЈО каде што им требаше време да го пронајдат предметот за починатиот малолетен Авганистанец, додека пак, за загинатиот бегалец од Сирија, усно преноса дека немаат никакви информации.

Од Јавното обвинителство потврдија дека предметот за несреќата е во надлежност на Основното јавно обвинителство – Гевгелија. Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Скопје, Служба за социјално вклучување на лица со ризик на 11 ноември до обвинителот кој постапува во предметот доставил барање за дозвола  за погреб на посмрните останки на детето.

Обврската и трошокот за секој ден поминат во капелата во специјални ладилници, како и за погребот е на товар на Министерството за труд и социјала. Без да се покријат овие трошоци, телата не може да бидат погребани.

„Поради потреба од обезбедување материјал за идна идентификација на починатиот, односно  потреба од натамошно постапување во случај на појавен интерес за починатото лице од амбасада или надлежен орган на друга држава , надлежниот обвинител  побара од Институтот за судска медицина да му биде доставен извештај од извршена  обдукција на починатиот и информација во врска со спроведена постапка за земен ДНК профил за идна споредбена анализа. Откако ќе биде доставена бараната документација, надлежниот обвинител ќе одобри погребување на починатото дете“, велат од ОЈО.

Александар Станков, директор на Институт за судска медицина

Од Судска медицина пак, велат дека досега никој ништо не побарал од нив. И двајцата, момчето од Авганистан и Сириецот се заведени како непознати лица (НН).

„Никој ништо не побарал од нас. Ние ќе земеме ДНК, но треба да се спореди со таа на роднините или пак да дојдат двајца сведоци со лични документи кои ќе го идентификуваат, под услов да не дадат лажна изјава. Само така можеме да издадеме посмртница“, изјави за НОВА, Александар Станков, директор на Институтот за Судска медицина.

Реагираат од Невладината организација „Легис“. Мерсиха Смаиловиќ, активистка за човекови права вели дека повторно Јавното Обвинителство, човековото достоинство кое е ставено на хартија, го држи во фиоките, префрлајќи ја надлежноста на другите институции.

 „Трагичната смрт на дете од Авганистан не е единствен случај кој дозволивме да ни се случи во државата, а сега не му дозволуваме ниту достоинствено да почива. Институциите го водат како НН, но тој е дете со достоинство и права.

Случајот и понатаму се префрла помеѓу: Кој е надлежен? Судска медицина или Јавното обвинителство? Како и минатиот пат, обвинителите не можат да постапат, а кога ќе се додаде и фактот дека не знаат, резултатот е – неколку месеци телото стои во капелата Бутел, а цехот на крај ќе се плати од Државниот буџет“, вели Смаиловиќ, за НОВА.

Мерсиха Смаиловиќ, активистка за човекови права

Смаиловиќ апелира до институциите да бидат хумани и за бегалецот од Сирија кој загина во Македонија.

„Бегајќи од криминалци во близина на општина Илинден, струен удар од пругите му нанел тешки последици од кои починал. И да, не само што умрел на наша територија, од наши граѓани- криминалци кои се слободни, ние уште продолжуваме да го измачуваме, со што не му го даваме правото на достоинствен погреб и мирно почивалиште“, рече Смаиловиќ.

Ова не е првпат институциите да не можат да се координираат за процедурите со идентификација и погребните процедури за загинати бегалци и мигранти.

Минатата година телата на двајца мигранти шест месеци стоеја во капелата во Бутел. По серијалот стории на НОВА која ги истражуваше овие случаи со што се изврши медиумски притисок, на што се надоврзаа и други медиуми со што овој проблем доби уште поголем публицетет, голготата од институционалата негрижа заврши во декември, кога посмртните останки беа погребани.

За тоа време, за случајот се дозна и надвор од границите на државата, а Македонија беше посочена како земја која ги прекршува човековите права.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.