НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанакиески сведочи во „ТНТ“: Не може Миле да е кабает, и сега тврдам дека „Космос“ е дивоградба

0
By Нова ТВ on December 20, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за ТНТ продолжи по двочасовната пуза која ја добија новите адвокати за да се запознаат со доказите против нивните клиенти обвинети за уривањето на комплексот „Космос“. По два часа увид во предметот ТНТ, Јовица Страшевски, новиот адвокат на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски и другите двајца адвокати назначени по службена должност, пак бараа дополнително време да го разгледаат предметот и побараа одложување на рочиштето или за неколку часа или за друг ден.

„Вие како судија две години го водите случајот и не сте успеале да го завршите, а барате од мене да го завршам увидот за два часа и да го испрашувам Миле Јанакиески и да го бранам. Станува збор за материјал од 20.000 страници“, рече Страшковски.

По бурните реакции од адвокатите кои се децидни дека ќе се направи процесна повреда во случајот судијата Огнен Ставрев му даде збор на адвокатот Еленко Миланов да го испраша неговиот клиент Миле Јанакиески.

Обвинетиот Јанакиески рече дека од 2006 до 2015 година бил министер за транспорт и врски.

„Дозволите за градба на објекти како куќи и станбени објекти каков што е и посочениот комплекс „Космос“ не ги издаваше Министерството за транспорт и врски, туку локалните самоуправи. За сите надлежности за овој објект надлежност имала општина Гази Баба“, рече Јанакиески.

Ексминистерот рече дека тие како бизнисмени биле такви што сакале постојано да кокетираат судии и обвинители и на почеток силно ја поддржувале политиката на ВМРО ДПМНЕ.

„Бев навреден кога ми кажаа дека јас сум сакал да го рушам „Космос“ поради бизнис интереси. По четири години, Миле е омилен лик на Финансиската полиција, на Основното Јавно Обвинителство, на Специјалното Јавно Обвинителство. Магарето замина, сега се удира по самарот“, додаде Јанакиески и потенцира дека Фијат Цаноски бил во интензивна комуникација со првообвинетиот Никола Груевски во период од април во 2010 година до август во 2011 година.

Јанакиески посака да го праша Цаноски за односите со Сашко Мијалков и со Муса Џафери и за тоа кој што му ветувал бидејќи, како што рече, тој не му ветил дозвола за градба спротивно на Законот.

„Едно ливче немам потпишано. Не може Миле да е кабает. Тој објект е дивоградба и сега го тврдам тоа“, рече ексминистерот за транспорт и врски.

За случајот „ТНТ“ кој се однесува за рушење на „Космос“ на Фиат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, потоа Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафирова и Александра Димитриева.

Гази Баба Космос Миле Јанакиески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.