Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Поддршка за национален фонд за еколошка безбедност

0
By Нова ТВ on December 23, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: pretsedatel.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 23, 2019 21:33

Мислам дека ја реализиравме главната идеја – кревање на јавната свест за еколошка безбедност. Никогаш досега во историјата на земјата на толку високо политичко ниво не е разговарано за овој проблем. Граѓаните преку невладините организации имаа можност да бараат отчет од оние што се платени за ова да го работат, да кажат што сметаат за досегашните мерки и да сугерираат што треба да се преземе во иднина, рече претседателот на државата Стево Пендаровски по седницата на Советот на безбедност.

На прес-конференцијата во вила Водно, Пендаровски нагласи дека на оваа тема се разговарало повеќе од два часа. Притоа, дијалогот бил конструктивен. Немало расправии, зајадливи коментари или какви било непочитувања на другата страна.

„Проблемите во делот на заштитата на животната средина треба да се решаваат многу подобро и системски. Никој не може да ги реши во еден мандат. Битно е дека првпат на Советот за безбедност се повикуваат невладини организации и се поставува прашањето за еколошка безбедност. Мојата идеа да ги поканам невладините активни во оваа област беше да ги соочат своите аргументи со надлежните во државата за заштита на средината“, истакна Пендаровски.

Потсети и дека лично се заложил за зголемување на државниот буџет за заштита на животната средина, како и за што побрзо тој да биде во рамки на просекот на земјите-членки на ЕУ.

„Уште од сега, грубо, поглавјето 27 нас би нè чинело над пет милијарди евра“, укажа шефот на државата, додавајќи дека дава поддршка и за креирање национален фонд.

Во однос на другите теми кои беа на дневен ред на Советот, информира дека земјава во моментот има свои војници во БиХ, во Либан, во Авганистан и на државните граници, а состојбата со сите контингенти е редовна. Оперативно-техничка агенција (ОТА) е на ниво на задачата и работите околу нејзиното екипирање се одвиваат со посакуваното темпо, иако е формирана пред само година и пол. Во целиот процес помагаат странски експерти.

Од стандардниот состав на Советот за безбедност, отсутни беа само двајца членови – претседателот на Собранието, Талат Џафери, поради обврски во Парламентот и професорот Трајан Гоцевски од здравствени причини. Дополнително поканети на седницата, надвор од редовниот состав, како што информира Пендаровски, беа директорите на Агенцијата за национална безбедност, на Агенцијата за разунавање и на ОТА, како и началникот на Генералштабот на АРМ.

аерозагадување безбедност Совет за безбедност Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.