НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорката на МНТ казнета со 15 отсто од плата, „шверцерите“ да ја платат штетата

0
By Нова ТВ on December 24, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Директорката на Македонскиот народен театар (МНТ), Симона Угриновска е казнета со 15 отсто помала плата за период од три месеци за вториот дел од свечената Академија по повод Денот на албанската азбука, кога вечерта, по официјалниот дел, продолжи со прикажување на документарен филм по повод 30 годишнината од формирањето на навивачката група „Шверцери“.

Одлуката ја донесе Владата на денешната седница со образложение за направен пропуст и давање на согласност за отстапување на МНТ без писмен договор. Притоа е задолжено Министерството за култура во соодветна постапка да наложи на директорката на МНТ од организаторите на настанот да побара надомест за направената штетата за време на настанот.

Угриновска во таа прилика за Нова ТВ изјави дека „организатор на првиот дел од вечерта било Министерството за политички систем, а лице за контакт за вториот дел бил Артан Груби, актуелен пратеник од ДУИ и поранешен член на навивачката група „Шверцери“.

„Најмногу штета е причинета на ентериерот на големата сцена и фоајето. Тоа се гледа и од видеата што се достапни преку социјалните мрежи. Но, јас мора да разграничам. Во петокот имаше два настана. Проблематичен беше вториот настан, првиот не. И ова што се случи беше најавено дека е во делот на одбележување на Денот на албанската азбука. Немавме синопсис за настанот што е вообичаено и бараме да ни приложат за секој настан и никој не очекуваше такво нешто. Само ни беше речено дека ќе има проекција на документарец и толку. Ниту бевме информирани кој ќе биде како публика. Сите напори да добиеме било каква информација останаа залудни. Бидејќи мислевме дека е во рамки на првиот настан, кој мина во најдобар ред и како гостин се појави премиерот, имавме доверба“, изјави Угриновска за НОВА ТВ.

По Свечената Академија за 111 години од Денот на албанската азбука, било најавено и прикажување на документарен филм што од домаќините бил сфатен дека е во контекст на официјалниот дел на вечерта. Но, наместо тоа, салата во објектот ја исполнија симпатизери на чаирскиот фудбалски прволигаш Шкупи (поранешна Слога Југомагнат). Епилог од „претставата“ на „Шверцерите“ беше скршени даскички од украсните лајсни, исечен тапацир, скокање по столчињата и штета од близу 4.000 евра или, поточно, 3,965 евра.

„Откорнати тапацири на потпирачи на 5 столици во вкупна вредност од 125 евра, откорнати ногарки на столици од лежиште во вредност од 3.000 евра, откорнати парафети на галериите од 10 метри и од 2 метри, во вредност од 240 евра, искршени орнаменти во вредност од 200 евра, искршени 5 подни светилки и дупки на теписон од цигари.  Вкупната штета  е 39.65 евра“, рече Заев за настанот што ја разбранува јавноста во втората половина на ноември.

Со реакција се јави и лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој рече дека нема ништо спорно што навивачката група „Шверцери“ прославувала јубилеј 30 години постоење во МНТ, ниту, пак, имало намера за вандализам.

казна МНТ Шверцери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.