НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен суд бара да се продолжи мандатот на поротникот во ТНТ

0
By Нова ТВ on January 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот суд Скопје 1 преку писмено соопштение апелира до надлежните институции (Адвотатската комора, МВР, но и Обвинителството) да преземат соодветни мерки и да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон судот и судијата – поротник со цел да ја заштитат независноста и непристрасноста во судското постапување.

Општо познато е дека обврска на судијата – поротник е да ја извршува својата функција се додека не биде разрешен од страна на Судскиот Совет на РСМ што е во согласност со Законот за судовите, велат од Кривичниот суд.

„Ќе инсистираме на судење во разумен рок, што е законска обврска, но и интерес на обвинетите кои тежнеат да ја докажат својата невиност, како и на оштетените кои ги бараат своите права. Судењето во разумен рок е во интерес и на правната држава и владеењето на правото. Во правец на погоренаведеното е и барањето да се продолжи мандатот на конкретниот судија поротник, бидејки нелогично е и неиздржано е поротник кој 2,5 години посветено учествувал во судската постапка, поротникот да се разреши поради протек на мандат, кое нешто би иницирало постапката да почне одново“, се вели во известувањето од судот.

Една и единствена цел на ова обраќање од Кривичниот суд е да се избегне вршење на опструкција во работата на судските предмети, кои се во завршна фаза и оневозможување да се одолговлечат судските постапки, во смисла на повторување или застарување на истите. Судот цени дека оваа пракса мора да престане и да се прекине, а цени дека на тој начин ќе се допринесе во реформирањето на судскиот систем, се вели во известувањето од Основен суд Скопје 1.

Инаку одбраната во ТНТ подолг период бара од Судскиот совет да ја разреши поротничката Лилјана Ивановска Кочковска чиј мандат е истечен од 24 декември (таа е дел од судечкиот совет во предметите ТНТ, Титаник, Талир и Монструм). Појаснуваат дека нејзиното појавување на следните рочишта е кривично дело. Одговорност бараат и од претседателот на Кривичниот суд бидејќи велат дека со ангажирање на поротничката со истечен мандат, претседателот на судот Џолев, врши злоупотреба на службената положба.
Судењето за ТНТ првин беше закажано за 17 јануари, но на последниот ден од минатата година, Кривичен одреди дополнителни термини за одржување рочиште и тоа секој ден од 13 до 27 јануари. Мерџан Даути, адвокатот на Елисавета Најдовска обвинета во истиот предмет деновиве повторно побара да му се обезбеди превод на документите и одбраната да ја води на албански јазик. Очигледно е дека поединци-адвокати се вистински кочничари на оваа судска постапка, наведуваат од Кривичниот суд, додавајќи дека адвокатот лично во мноштво други судски постапки го користел исклучиво македонскиот јазик.
Кривичен суд мандат поротник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.