Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чулев го дава СВР Скопје на началник вмешан во изборни измами

0
By Нова ТВ on January 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 10, 2020 15:20

Ристе Ставревски, новиот началник на СВР Скопје, е спорно кадровско решение на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев. Ставревски, поранешен советник на Гордана Јанкуловска, е комплетно партиски кадар што во случајот не е ни толку важно, колку што е запрепастувачки во што има учествувано, особено од позицијата што ја извршувал во кабинетот на екс- министерката, која е рекордерка по бројот на минати години на чело на МВР.

Во судскиот процес „Титаник“ со издавањето лажни лични карти за гласачи за ВМРО ДПМНЕ, во судница се читаа смс пораки на Јанкуловска со нејзините советници Ставревски и Кирил Тодоровски, кој е еден од 20-тината обвинети во случајот. Од содржината на пораките е јасно дека тие подготвувале списоци за вработување според избирачките места за да придобијат гласови, договарале кого да сменат од функција, а кого да назначат за полесно спроведување на операцијата, но и тоа како да им помогнат на сигурните гласачи да куртулат од казни и инспекции. Со еден збор, преземале активности надвор од советничките овластувања во МВР во партиски цели.

Ставревски три години беше претседател на комисијата за јавни набавки преку која беше купен мерцедесот од 600.000 евра за што СЈО имаше отворено досие „Тенк“ во кое на казна затвор се осудени Никола Груевски, поради што и избега во Будимпешта, и Јанкуловска која преку Врховен суд го одложи издржувањето на казната. Тандемот советници Ставревски – Тодоровски бил посветен во фалсификување на изборните процеси со цел ВМРО ДПМНЕ да остане на власт судејќи според пораките, но и аудио снимките.

Ставревски и Јанкуловска во „бомбите“ правеа списоци на резервисти кои морале да излезат на избори

Имено, екс-началничката на одделот за лични карти во МВР, Јадранка Гулевска, сега пензионерка, во судница, како сведок во „Титаник“, зборуваше за тоа како и се заканувале дека не смее ни збор да изусти за криминалот со личните карти за гласачите од Пустец. Еднаш, како што кажа, ја возел Тодоровски со џип до Сингелиќ во придружба на уште едно лице, а друг пат Ставревски ја однел во ВМРО ДПМНЕ кај Јанкуловска за и таа да ја предупреди од опасноста ако прозбори пред законот.

Иако Гулевска учествувала во извршување на кривичното дело со личните карти, сепак, СЈО ја направи сведок затоа што таа била присилена, а и постојано барала начин како да пријави за штанцењето лични документи во организација на ВМРО ДПМНЕ. Уште еден факт кој го преставува Ставревски со неговото вистинско лице е аудио снимка, емитувана како дел од нелегално прислушуваните материјали, на која зборуваат тој и Јанкуловска. Се слуша како прават списоци за резервистите на кои им било наредено да излезат на избори, потоа како биле извршени посети на фирми, како ги организирале стечајците, и сето тоа во полза на партијата за избори. Едноставно, Ставревски се поставува на позицијата началник на СВР Скопје затоа што покажал извонредна лојалност и придонел во заштита и одржување на режимот на ВМРО ДПМНЕ.

Други ново назначени началници на сектори се поврзуваат со министерувањето на Митко Чавков, кој е во затвор за настаните од 27 април со упадот во парламентот. На пример, Васко Тодоров во СВР Струмица е сигурен кадар уште од времето на Груевски и Чавков. Александар Јанев, кој е поставен на Одделот против организиран криминал, исто така, имал блиски односи со старата структура на ВМРО ДПМНЕ. Началникот на СВР Велес, Игор Ангеловски е дел од групата обезбедувачи на Груевски. И да не редиме, затоа што сите кадровски решенија на Чулев водат до партијата, а поголем дел од нив воопшто не може да се сметаат за нови лица на ВМРО, она за кое зборува Христијан Мицкоски.

По неуставниот Ковачки, на површина исплива Наќе, адутот на Синиша Алексовски

Како и да е, овие смени во МВР се очекувани. ВМРО ДПМНЕ не би сакала да ја пропушти шансата три месеци да има под контрола колку-толку од полицискиот систем и реално
ако сака да даде придонес кон мирни и фер избори има прилика преку новите кадри тоа и да го демонстрира. Но, дали со назначувањето на новите началници завршуваат вмровските апетити за полициска контрола во државата? – Знаејќи ја нивната матрица, можеби не се далеку од вистината информациите дека министерот Чулев, преку своите началници, ќе се обиде да направи и хоризонтални рокади внатре во самите сектори, со што ќе се направи обид за инсталирање на проверени и партиски кадри и на други клучни позиции, а со тоа колку што е можно повеќе да се влијае врз изборниот процес.

И на крајот за Чулев. Откако военото лице Ковачки не успеа да го помине уставниот филтер, а ВМРО ДПМНЕ се освести во последен момент, на површина исплива Наќе. Голем број вработени во Агенцијата за разузнавање зборуваат дека заслуга за неговиот избор за технички министер има Синиша Алексовски кој додека беше советник за безбедност кај Ѓорѓе Иванов, Чулев стана директор на Агенцијата за разузнавање, органот во кој се практично и двајцата вработени. Од целиот овој избор на кадар јасно е дека новите имиња во полицијата се старото лице на ВМРО ДПМНЕ.

МВР Митко Чавков Наќе Чулев Началници Ристе Ставревски СВР Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.