НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсова: Наша публика е планината, сувата карпа и снегот

0
By Нова ТВ on January 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прекрасно е чувството да ја достигнеш целта да се искачиш на врвот на планината Винсон на Антартикот, пред се заради самиот себе си, но уште повеќе кога со тоа ќе предизвикаш гордост кај целата своја нација, истакна денеска Илина Арсова на прес-конференцијата по повод нејзиното искачувањето на врвот на 27 декември минатата година.

Антарктикот е најстудениот континент, па затоа таа за овој подвиг се подготвувала психички и физички – од март до ноември пливала во Охридското Езеро. Најниска температура на врвот било од минус 35 до минус 40 степени, додека во шаторите минус 18.

Арсова е првата Македонка која се искачила на оваа планина и со овој подвиг успеа да ги искачи сите највисоки седум врвови на седумте континенти на планетата Земја. Врвот Винсон е последниот на листата по Аконкагва во Јужна Америка, Килиманџаро во Африка, Еверест во Азија, Елбрус во Европа, Денали во Северна Америка, Пунџак Џаја во Австралија и Океанија.

„Навистина посебно беше чувството кога пред завршување на седмиот врв и моето пристигнување во Скопје на аеродромот освен најблиските ме пречекаа и група планинари, мои пријатели, колеги на чело со професорот Угриноски кој воедно е и првиот Македонец кој стапнал на поларното тло на Антартикот во 2002 година. Се чувствував посебно. Сите тие луѓе на свој начин ме мотивираа да останам истрајна до завршување на оваа мисија“, рече Арсова.

Најмногу и е драго, додаде Арсова, што еден ваков дострел, подвиг во планинарските спортови предизвикал големи рекации во јавноста и чувство на радост кај поширока јавност, а не само кај планинарите.

„Навистина имаше бурни реакции на социјалните мрежи и во медиумите, имајќи в предвид дека, сепак, планинарските спортови не се популарни како ракометот и кошарка, кои имаат многубројна публика. Нашата публика е планината, сувата карпа и снегот. Нема кој да навива за нас кога сме таму. Ни останува кога ќе се вратиме преку фото и видео материјали да ви прикажеме, да успееме да доловиме мал дел од она што се случува на планината, а тешко е да се пренесе студот, лавините, опасноста и ризици кои не демнат постојано, не се гледа ниту на фотографија а тешко се доловува и на видео“, појасни Арсова.

Таа истакна дека станува збор за еден многу предизвикувачки и комплексен спорт бидејќи вклучува сегменти од повеќе спортови, дисциплини и вештини кои планинарот треба да ги поседува, за да биде член на една експидиција и да постигне високо и гордо достигнување.

„Освен планинарење, ние треба да знаеме да качуваме карпа, да имаме познавање од алпинизам, но треба да знаеме да ракуваме со опрема за извлекување и спасување, да ракуваме со јажиња и опрема за обезбедување, треба да познаваме прва помош, дотолку да може да си укажеме на себе си или на партнерот. Треба да познаваме и лавинологија, метерологија, топографија, геоморфологија..“

Планинарот, според Арсова, мора да се приспособи на екстремни услови за живот, а споредбено со другите спортови, натпреварот на планинарите како што рече, трае со денови или месеци на повисоките планини. До 53 дена се движат на висина над три илјади метри. Тоа се услови за кои како што рече, нашето тело не е создадено да живее и нормално да функционира.

„Згора на се, тоа се случува во услови кои се изолирани по неколку дена од каква било безбедност, и сме исложени на ризици кои не зависат од самите нас. Тоа е главниот предизвик, бидејќи треба со денови да се издржи надвор од комфор зоната. Колку и да сме ние физички спремни, колкава е таа комплексност што ја содржат нашите спортови“ рече Арсова.

Претседателот на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија, (ФПСМ), Јовица Угриновски во свое обраќање на прес-конференцијата истакна дека заслугата е индивидуална, односно е нејзина, таа самата знае колку напор, желба, љубов, време, а и пари се потребни за да се оствари целиот проект.

„Не само Федерацијата, туку и Агенцијата за млади и спорт ја препозна оваа значајност и комплетно застана зад овој проект. Проектот не ќе можеше да биде остварен доколку не наидовме на комплетно разбирање од Агенцијата која што понесе лавовски дел од финансирањето на оваа експедиција“, рече Угриновски.

Винсон Илина Арсова Планинарење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.