НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва жртва на Рели Дакар 2020: Запре срцето на португалскиот мотоциклист Пауло Гонкалвеш

0
By Нова ТВ on January 12, 2020 СПОРТ
Фото: gp-inside.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годинашното издание на Рели Дакар ја однесе првата жртва. Застој на работата на срцето беше причина за смрт на португалскиот мотоциклист Пауло Гонкалвеш (40), кој важеше за една од иконите на традиционалното рели што оваа година се првпат се вози во Саудиска Арабија. Трагичниот настан се случи на 276 километар во рамки на седмата етапа, соопштија организаторите.

Прв напомош на Гонкалвеш ми пријде австрискиот колега Тоби Прајс кој возеше веднаш зад него, но, за жал, не можеше да стори многу за несреќниот Португалец. Медицинската екипа која беше довезена со хеликоптер го затекна без свест и со застој во работата на срцето. По неуспешната реанимација во леталото, на лекарите во болницата само им преостана да констатираат смрт.

Гонкалвеш настапуваше на Рели Дакар од 2о06 година. Четири пати завршуваше во топ 10, а во 2015 година го освои второто место во генералниот пласман.

„Ова е многу тежок удар. Пауло беше еден од најискусните мотоциклисти и едно од заштитните лица на ова рели“, изјави Дејвид Кастер, сопственик на лиценцата за Рели Дакар.

Гонкалвеш е 20-ти мотоциклист или вкупно 25 жртва на Рели Дакар што се вози од 1979 година. Последната несреќа со смртни последици се случи во 2015 година во Аргентина каде животот го загуби полскиот мотоциклист Михал Херник.

жртва Пауло Гонкалвеш Рели Дакар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.