Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Француски европратеник: Претседателот Макрон е решен Самитот во Загреб да го претвори во успех

0
By Нова ТВ on January 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 22, 2020 09:17

Доколку се ревидира методологијата на проширување и доколку Унијата напредува во сопствената реорганизација, преговорите на Северна Македонија со Унијата можат да се отворат мошне брзо, а и францускиот претседател Емануел Макрон одлучил Самитот во Загреб во мај да го претвори во успех.

Ова го порача Стефан Сежурне, француски европратеник од партијата на францускиот претседател Макрон, во интервју за МИА. Тој вели дека е свесен оти Северна Македонија постигнала напредок за да оди понатаму во следната фаза од евроинтеграцијата – отворање на преговорите со Унијата, но исто така е свесен и дека перцепцијата за Франција е деградирана кај земјите-кандидати и членки на Унијата, по негативната одлука.

Сметате ли дека францускиот став за проширувањето е погрешно толкуван од земјите-кандидати и земјите членки на ЕУ?

„До одреден степен да. Франција и француските пратеници во Европскиот парламент никогаш немаа намера да го променат или нарушат политичкиот проект за проширување на Европската Унија. Свесни сме дека Северна Македонија постигна напредок да оди напред во преговорите за пристапување во Унијата. Особено тука мислам на досегашните реформи во правосудниот систем, за мерките во корист на поголема транспарентност или промената на нејзиното име. Овие напори сведочат и за привлечноста на Европската унија и ние можеме да бидеме горди на тоа.

Фото: headtopics.com

Сепак, ветото на претседателот Емануел Макрон за почетокот на пристапните преговорите не смее да го внесе чувство на огорченост меѓу Македонците. Ова во никој случај не е гест против земјата. Франција смета дека проширувањето на Унијата не смее да се направи на сопствена штета, која би довела до институционална блокада. Дополнувањето на Советот на унијата со две места во сегашната состојба само ќе ги искомплицира работите. Повеќе од кога било, потребна ни е одговорна и ефикасна Европа“

Свесни сте дека по блокадата за почеток на преговорите за пристапување на Северна Македонија и на Албанија во Европската унија, сликата и перцепцијата за Франција во овие земји е деградирана?

„Ова е точно и жалам за тоа. Но, ние не сме сами. Данска и Холандија исто така изразија воздржаност да дадат зелено светло во Европскиот совет во октомври 2019 година. Тоа е заедничка позиција што е во интерес на засегнатите народи. Мора да се реформирате пред да сакате да се отворите кон другите. Ова е во интерес и во насока на одржливост на Унијата. Мора да се разбере дека е доведен во прашање кредибилитетот на европската порака“

Фото: euractiv.com

 

Европската комисија се покажа претпазлива. „Нема потреба да се менуваат правилата за Албанија и Северна Македонија“, рече Урсула фон дер Лејен во Загреб, истовремено потврдувајќи дека Комисијата се подготвува да дава предлози за промена на методологија?

„Сигурно дека начинот на кој европската извршна власт и пристапува на оваа тема отвора прашања. Постапката за преговори која е во сила денес е премногу тешка, премногу нетранспарентна, премногу сложена. Мора да се поедностави, мора да зборува со засегнатите народи. Така би можеле да го избегнеме непотребното разочарување во земјите што сакаат да ни се придружат. Оваа промена на методологијата може да се дискутира и во рамки на Конференцијата за иднина на Европа, чиј принцип штотуку го одобри мнозинството за време на последната пленарна сесија на ЕП во Стразбур“

Европскиот совет што ќе се одржи во Брисел во март е многу важен во насока на можноста за официјално отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Можеме ли да очекуваме отворање на преговорите пред самитот во Загреб?

„Ако ја ревидираме нашата методологија, ако напредуваме во сопствена реорганизација, сè е можно. Преговорите може да се отворат многу брзо. Претседателот на Републиката одлучи да го претвори (самитот во) Загреб во мај во успех. Ние не го блокираме проширувањето, само сакаме да бидеме сигурни дека Европската унија е подготвена“.

Европратеник интервју Стефан Сежурне
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.