НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрадули: До 2024 година да не постои ниту една институција што загадува

0
By Нова ТВ on January 23, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: moepp.gov.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да не постои ниту една институција која загадува воздух е обврската што ја преземаме за реализација до 2024 година, истакна заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на синоќешната трибина „Агенда Воздух 20-24“ во Тетово.

„Ја повикувам и опозицијата заедно со граѓанскиот сектор и академската заедница, да постигнеме договор со кој ќе утврдиме просторен план, ќе постигнеме зелена платформа, рече Макрадули, додавајќи дека заедно сите со национален консензус треба да ја дефинираме државата со јасни подрачја каде ќе може да се градат хидроцентрали, ветерници и слично, а кои подрачја ќе бидат заштитени што и ќе им биде посочено на странските инвеститори во државата.

Ако може шведската амбасада во Сараево да повика на примерот на Република Северна Македонија за намалување на загадувањето, тогаш да продолжиме да ги развиваме и натаму и да го постигнеме најдобриот резултат, рече Макрадули. Тој истакна дека институциите се во дослух во невладиниот сектор и сите препораки од еколошките здруженија се разгледуваат со голема сериозност.

„Примерот по кој го решаваме овој проблем не е нов. Земен e од развиените земји како Шведска, Данска, Велика Британија и други каде вродиле со позитивен резултат. Посветени сме на борбата за чист воздух и ќе продолжиме и натаму со силна решителност“, заклучи Макрадули.

Загадување Јани Макрадули Тетово трибина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.