НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Независните се лути, ама ќе се вклучат во преговорите за законот за ЈО

0
By Нова ТВ on January 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во пресрет на состанокот на работните групи за законот за јавно обвинителство што, според најавите, треба да се одржи во 16 часот во Собранието независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ реагира дека крајно несериозно е една година неколку луѓе, а не Собранието преку пратениците да имаат разговори зад затворени врати. Новина е дека на попладневниот состанок се повикани претставници на сите пратенички групи.

Од независната пратеничка група за Нова Тв потврдуваат дека ќе присуствуваат на состанокот. Тие досега беа во аут од преговорите, а со оглед на разликите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ многу веројатно е дека повторно ќе треба да се тропне на нивната врата за да ја одиграат главната ролја во парламентот при носење и на ова исклучително важно законско решение, како во случајот со уставните промени согласно Преспанскиот договор.

„Процесот треба да биде инклузивен, освен ако обете партии не сакаат политички договор наместо добар закон. Од овие причини, и од истакнатата важност на ова прашање од еврокомесарот за проширување на ЕУ, г. Вархеји во контекст за добивање датум за отпочнување преговори со ЕУ, сметаме дека Министерството за правда, уште денес треба да го достави законот во Собрание на разгледување на сите политички субјекти, таму каде што е местото, а не во политичките штабови“, велат од независната пратеничка група.

Тие бараат и претседателот на работното тело кое ќе биде назначено, веднаш да ги исконтактира експертите од областа, граѓанскиот сектор и засегнатите професионалци и итно да закаже јавна расправа во која ќе се вклучат и меѓународни преставници за целосна транспарентност на процесот.

„Според забелешките од јавната расправа, политичките партии да се постават на ниво на државотворни чинители, да се надминат себеси и да понудат решение кое ќе ги приближи нивните ставови. Во духот на владеењето на правото, после таков инклузивен процес, и НПГ како и останатите ќе ги понуди своите размислувања за што подобро законско решение“ велат од НПГ.

Лидерот на СДСМ. Зоран Заев, смета дека има кратко време за носење на законот со оглед дека парламетот се распушта на 12 февруари и има парламентарна процедура пред финалното гласање за законот, поради што недозволиво е повеќе да се одолговлекува ова прашање. Тоа е причината и што во консултација со министерката за правда, Рената Дескоска, одлучиле да ги повикаат на средба пратеничките групи.

„Во комуникација со независните знам дека денеска тие ќе се изјаснат за нивното учество во носењето на законот и за нивните ставови. Уште еднаш напоменувам дека е добро е да учествуваме сите. Полагам сериозна надеж кај пратениците од независната група на ВМРО-ДПМНЕ, но и кај пратениците и од македонската и од албанската опозиција. Полагам сериозна надеж кај парламентарното мнозинство“, изјави денеска Заев, нагласувајќи дека ќе се обидат да обезбедат двотретинско мнозинство, доколку не се усогласат ставовите со ВМРО-ДПМНЕ

 

закон за обвинителство независни преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.