НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Заев-Мишел: Да ги завршиме нашите работи, една од нив е законот за ЈО

0
By Нова ТВ on January 25, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Силно сме мотивирани да продолжи европскиот курс на државата, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев кој денеска се сретна со Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет.

Тој истакна дека со Мишел зборувале за актуелните теми, и дека првиот човек на Советот на Европа дал уверување дека сака да помогне за интеграција на земјата во ЕУ.

„Мишел има цела агенда со цел да и помогне на нашата земја. Знае кои се слабостите, но и ние треба да му дадеме аргументи. Разговаравме за законот за ЈО, деталите за претстојните парламентарни избори кои треба да бидат пример демократија и фер изјаснување, за другите реформи. Го уверив дека продолжуваме со силна мотивација да ги постигнеме целите. Пораката која можам да ја испратам е дека ние треба да ги завршиме нашите работи дома, а Европскиот совет ќе ги заврши своите работи“, вели Заев по средбата со Мишел, на која станало бор и за новата методологија за проширување на Унијата, која, според информациите на НОВА, од дипломатски извори во Брисел ќе биде презентирана на 5 февруари.

Новата верзија на законот за јавно обвинителство ќе влезе во собраниска процедура во ворник, а Заев очекува гласањето за законот да се случи најдоцна до 11 февруари.

Власта не отстапува од црвените линии за избор и разрешување на државен јавен обвинител и преодните и завршни одбреди кои се однесуваат на обвинителите од порашеното СЈО.

Во текот на неделата ќе се организира и јавна расправа на која ќе бидат поканети државниот обвинител Љубомир Јовески, што беше еден од условите за продолжување на разговорите што вчера на средбата на работните групи ги постави ВМРО-ДПМНЕ, како и експерти од кривичната област.

Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски вели дека неодговорниот однос на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ кон приоритетни и општествено важни прашања, како законот за Јавно обвинителство, мора да запре.

„Синоќешното барање на претставниците од опозицијата да се одложат преговорите за законот, поради потребата од присуството на актуелниот Јавен обвинител (барање кое можеше да биде номинирано од почетокот на преговорите) е само уште едно проѕирно алиби за бегство од соочување со фактите и донесување на законот пред распуштање на Собранието“, пишува пратеникот на својот фејсбук профил.

Според него, на јавноста и е повеќе од јасно дека главната пречка која опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ја има околу евентуалното прифаќање на овој закон се надлежностите во поглед на гонењето на кривичните дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори.

„Сепак, ние мора да направиме се за да ги извадиме на мегдан нивните задни намери и уште еднаш да докажеме дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е всушност истата груевистичка матрица, работејќи единствено во заштита на инкриминираните во аудиоснимките“, пишува Кирацовски.

Во тој контекст, тој како претседател на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, најавува Јавна расправа во Собранието, која ќе се одржи на 28 јануари (вторник) во 14 часот во собраниската сала „Борис Трајковски“, а ќе биде насловена: „Јавното обвинителство како ефикасен орган во борба против корупцијата“

„На јавната расправа, покрај политичките претставници кои се учесници во преговорите за законот, министерството за правда, домашни и странски експерти, заинтересирани страни и познавачи на оваа проблематика, ќе биде поканет и актуелниот Јавен обвинител, господинот Љубомир Јовески, кој впрочем најави учество доколку се организира отворена јавна дебата. Покрај реформата на правната рамка на јавното обвинителство, учесниците ќе можат да дискутираат за сите актуелни предизвици и проблеми во правосудниот систем особено за причините и одговорностите за неказнивост, одолговлекување на судските постапки и слични аспекти, со единствена цел еднаш конечно во нашата Македонија правдата и праведноста да владеат пред се и над се!“, напиша Кирацовски.

Заев Закон за ЈО Мишел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.