Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стефанова: Обвинетите во „Империја“ имаа дојава што планираме да правиме

0
By Нова ТВ on January 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 27, 2020 11:28

Не сум скарана со двајцата обвинети, но не сум во добри односи со Катица Јанева, рече обвинителката Лиле Стафнова, која денеска сведочи во Кривичниот суд за случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски и екс шефицата на СЈО Јанева, за изнуда на пари од бизнисменот Орце Камчев.

По одложувањето на двете рочишта поади болест на адвокатите на Јанева, денеска во судницата се појави една од бранителите Ирена Фрчкоска, со што се исполни законската можност Стефанова да даде исказ. Таа го водеше предметот „Империја“ во која обвинети беа Орце Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Сашо Мојалков…

Таа рече дека на еден состанок Јанева и рекла за петмината притворени да им се изменат мерките и да се ослободат од мерката притвор.

„Наредбата за истрага првично беше против 13 лица, а за пет од нив сметавме дека може да влијаат врз сведоци. Јордан Камчев имаше двојно државјанство, имот надвор од земјава и силно влијание врз сведоците, а Панделески имаше привремена лична карта од Грција. Затоа за пет лица побаравме и беше определена мерка притвор. На некој чуден начин од истражителите бев известена дека Камчев спремен ги чекал да дојдат во шест часот наутро. Таму беше Зоран Милевски Кичееец, а подготвена чекаше и неговата сопруга Ана Камчева“, рече Стефанова.

Таа тврди дека при претрес во компанијата „Орка Холдинг“ бил присутен брачниот пар екс министерот за правда Михајло Маневски и неговата сопруга, поранешната судијка Филемена Маневска кои во времето на режимот на Груевски гасеа и палеа во правосудниот систем.

„Во канцелариите беше чистено. Тоа што го најдовме како докази го земавме“, вели Стефанова.

И судијката Кацарска, наводно, ургирала за Камчев

Според неа Панделески и Камчев цело време праќале емисари, политичари, судии и бизнисмени за да влијаат врз истрагата кај неа и кај Јанева. Стефанова сведочи и дека меѓу емисарите што се јавувале за ургенции за Орце Камчев била и судијката Добрила Кацарска, но не лично, туку преку друг обвинител. Кацарска била присутна и цел ден кога се одлучувало за притворот на Камчев, иако не била судија на претходна постапка.

Според Стефанова Јанева во декември започнала да бара повеќе информации.

„Околу 20 ноември прв го повикав Камчев да го запознаам со предметот. Тој од џебот извади лист и ми го даде. Ми рече читајте го делот каде е напишан на латиница од Наташа Савова. Пишуваше да разговарам со Сашо Мијалков за негово ослободување. На листот пишуваше дека за него ќе се преземат пакет мерки за кој ќе се погрижи Наташа Савова. Листот и го дадов на Јанева, но таа ништо не реагираше“, рече Стефановска.

Јанева, според Стефанова, наредила на петмината притворени да им се изменат мерките и да се ослободат од мерката притвор.

„Јас се побунив, но таа рече дрско „тоа е моја одлука, тоа е важно за процесите во државата и да се донесе законот за обвинителство”. Тогаш се побуни само еден колега, другите молчеа. Таа уште еднаш ме потсети да ги уважам жалбите на обвинетите“, рече Стефанова.

Империја маневски Стефанова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.